Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

Кога помислувате на најпознатите знаменитости ширум светот, кое е првото нешто што ви паѓа на памет? Најверојатно одговорот е Таџ Махал, Биг Бен, Ајфеловата кула…

Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

Компанијата Storyblocks открила кои се најпопуларните знаменитости во светот што ги пребаруваат креативните луѓе на Интернет. Овие луѓе кои се фотографи, писатели, блогери и слично, секогаш можат да ни кажат кои дестинации се најпопуларни.

Честопати кога ги планираат нивните патувања, гледаат да бидат во близина на познатите знаменитости што сакаат да ги видат. Сепак никој не би отишол во Сан Франциско без да се фотографира со мостот Голден Гејт.

Storyblocks e компанија која нуди фотографии, видео и аудио записи по прифатлива цена и ги откри 50-те најпопуларни знаменитости. Нивната листа дополнително ќе ја разгори вашата желба за патување.

Кои се 10-те најпребарувани знаменитости?

Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

Не би требало да ве изненади, но Статуата на слободата се нашла на врвот на листата. Статуата која на некој начин е симбол на Њујорк, секоја година привлекува околу 3,5 милиони туристи. Во првите десет се нашле уште две знаменитости од Њујорк – Тајмс Сквер на второто место и Централ парк на четвртото.

Други дестинации од САД кои се помеѓу првите десет се мостот Голден Гејт (седмо место) и националниот парк Јелоустон (деветто место). Од европските знаменитости најпопуларни се Ајфеловата кула и Биг Бен, на третото и петтото место. На осмото место се наоѓа Таџ Махал, а на десеттото Мека.

Кои други знаменитости се нашле на листата?

Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

Бруклин Бриџ и Емпаер Стејт Билдинг во Њујорк се наоѓаат на 11-то и 12-то место. Други знаменитости од САД се Пентагон, споменикот Вашингтон, Капитол Хил, Белата куќа, па сè до знакот Холивуд.

Облакодерите како Бурџ Калифа во Дубаи, кулата Токио и зградата CN во Торонто се наоѓаат веднаш до историските знаменитости како Стоунхенџ, Големиот кинески ѕид, Мачу Пикчу, Акропол и Колосеумот.

На листата ќе ги најдете и Лондонското око, оперската куќа во Сиднеј и Мулен Руж. Исто така има и многу религиски и владини знаменитости вклучувајќи ја Бакингемската палата во Лондон, Кремлин во Москва, Алхамбра во Шпанија, Анкгор Ват во Камбоџа и статуата на Исус во Рио де Жанеиро.

Доста пребарувани се и некои од најубавите природни чуда. Монт Еверест се наоѓа на 18-тото место, а Долината на смртта на 20-тото. Други поважни знаменитости се планината Фиџи, планината Килиманџаро, водопадите Викторија и Сината лагуна.

Зошто би требало да ги посетите овие места?

Најпопуларните знаменитости ширум светот што креативните луѓе ги пребаруваат на Интернет

Сите овие дестинации се одобрени од креативните луѓе, вклучувајќи ги и луѓето кои се фокусираат на визуелното, како фотографите и блогерите. Ова значи дека на овие места без сомнение ќе направите неверојатни фотографии. Па почнете да се подготвувате за следното патување.

Ако сакате да пробате нешто ново, дајте им шанса на овие забавни начини на патување и откривање нови места.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар