Најопасните работи кои можете да ги направите во авион - Part 2

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

6. Порачување кафе или чај

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Потребна ви е уште една причина за да не пиете чај? Овој пијалак може да биде полн со бактерии. И кафето и чајот се направени со вода од авионот. А оваа вода често е загадена со колиформни бактерии. Овие бактерии најчесто доаѓаат од измет. Водата загадена со колиформни бактерии често е дом на ешерихија коли која може да предизвика голема штета. Најдобро е сами да си понесете вода и да го избегнувате мразот и пијалаците со вода од авионот.

7. Пиење газирани пијалаци

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Најдобро да е ги прескокнете овие пијалаци. Промената во воздушниот притисок може да предизвика ширење на гасовите во вашето тело и до 25%. Овие пијалаци го имаат истиот ефект, па ќе се соочите со неудобна подуеност во текот на летот. Можеби не е опасно, но сигурно ќе се чувствувате подобро ако ги оставите газираните пијалаци за после слетувањето.

8. Пиење апчиња за спиење

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Немојте да земате апчиња за спиење во авион, освен ако немате простор да спиете хоризонтално. А ова речиси никогаш не се случува. Можеби мислите дека тоа е одличен начин да се одморите во текот на напорниот лет, но апчињата ќе ве спречат да се движите. Исто така поради нив нема да пиете доволно вода.

9. Спиење за време на полетување и слетување

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Ако сте на напорно патување, сигурно ќе сакате да спиете во секој момент кој ќе ви го овозможи тоа. Но најдобро е да останете будни при полетувањето и слетувањето бидејќи за да го изедначите притисокот на воздухот во вашите уши и воздухот околу вас потребно е да правите некоја активност, како џвакање гума. Ако спиете за време на промена на притисокот може да се појават симптоми како вртоглавица, инфекција на ушите или оштетување на ушното тапанче.

10. Избегнување на тоалетот

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Никој не ги сака тоалетите во авионите. Но ако имате потреба никогаш не треба да се воздржувате бидејќи го зголемувате ризикот од инфекции. Овие инфекции речиси сигурно ќе ви го уништат денот, без разлика дали е почетокот или крајот на вашето патување.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар