Најмалото мајмунче во светот

Најмалото мајмунче во светот

Пигмејскиот (џуџест) мармозет е малечок примат, кој живее во дождовните шуми во западниот дел од амазонската низина, во Јужна Америка. Со тежина од околу 100 грама, џуџестиот мармозет се смета дека е најмал од мајмунските видови во светот. Висок е во просек по 15 см, долг 12-15 см, а зад себе има опашка долга 15-20 см.Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светотМајмунчево има остри канџи, благодарение на што може без никаков проблем да се искачува по дрва, а долгата опашка му дава одличен баланс кога скока од една на друга гранка. Неговата мала тежина му овозможува лесно да се искачи до крошните на дрвјата, кои се недостижни за поголемите видови мајмуни.Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светотОва слатко мајмунче исто така, може да ја заврти главата за 180 степени, што му овозможува побрзо да забележи дали има грабливци во околината, додека вертикално се искачува по дрвјата.Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светотМармозетот има специјална исхрана. Тоа глода дупки во кората од лозови и други видови дрва и потоа ја извлекува со јазичето гумата, која се произведува внатре. Исто така, лови инсекти, особено пеперутки кои сами доаѓаат во рововите. Ја надополнува својата исхрана со овошје, зрнести плодови и нектар.Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светотМармозетот е многу популарен како егзотично милениче, но е навистина тежок за чување. Кога бебе џуџест мармозет ќе биде одделено од неговото семејство, честопати умира од депресија. Бебето исто така, има потреба од редовна исхрана на секои два часа во првите две недели од животот. Друга причина поради која сопствениците на вакви миленичиња се покајале што се решиле на чување вакво животно, е тоа што мајмунчињава може да ги гризат нивните сопственици и да фрлаат измет накај нив, во форма на одбрана. Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светотТри пигмејски мармозети беа донесени и во скопската Зоолошка градина во 2011 година, кои се донација од Зоолошката градина во Барселона.Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светот Најмалото мајмунче во светот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар