Најкул реклама за машина за перење алишта

Најкул реклама за машина за перење алишта

Кога станува збор за бела техника, како да им недостасува инспирација на маркетинг агенциите. Не можеме да кажеме дека прават контрапродуктивни реклами, но повеќето од нив се ектремно досадни и премногу си личат една на друга. За првпат налетавме на нешто навистина воодушевувачки кретивно и забавно. Станува збор за последниот маркетинг потег на компанијата „Самсунг“, за нејзиниот најнов модел на машина за перење алишта. Повеќе не би коментирале, за да не ви го уништиме изненадувањето. Ќе ви откриеме само дека главниот актер во рекламата е една голема, страшна и педантна мечка. 🙂

Најкул реклама за машина за перење алишта

Па што чекате, погледнете ја најдобрата реклама на светот за машина за перење алишта. Таа е една од ретките кои не би ве изнервирале доколку додека гледате филм на некој од домашните телевизиски канали, наеднаш ви го прекинат на најинтересната сцена и направат ЕПП пауза. 🙂




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Михаела Reply

    хахахахаха реклмава е невидена!! прво мислев дека е ова нешто што навистина се случувало во позадина, пред да ја снимат рекламата, но после кога видов уствари што се дешава, неможев да престанам да се смеам! навистина креативно

  2. јас Reply

    стварно добра реклама, а и добра машина за перење 🙂 тој што треба да си купи му препорачувам да купи од самсунг 🙂

Остави коментар