Најголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабат

Најголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабат

Здравствените истражувања откриле дека поголемиот дел од луѓето кои сакаат да ослабат забораваат на една многу важна работа поради која 90% од диетите не успеваат. Станува збор за менталното здравје.

Најголемата причина поради која поголемиот дел од луѓето со прекумерна тежина не можат да ослабат

Во оваа студија каде што учествувале повеќе од 1.000 испитаници, 31% од нив одговориле дека најголемата препрека за слабеењето им било недостатокот на вежбање, 26% ја обвинувале нездравата исхрана, додека пак, 17% велеле дека скапиот здрав живот е тоа што ги спречува да ослабат. Многу мал процент биле свесни за проблемот со своето ментално здравје кое ги спречува да ја постигнат посакуваната телесната тежина.

„Секоја личност која не може да ослаби вината ја бара во недостатокот на вежбањето и лошите прехранбени навики. Но, треба да се земе во предвид и причината поради која јадеме многу“, вели Дајана Робинсон, невропсихолог при институтот за медицина во Орландо.

За голем број луѓе јадењето е емоционално искуство. Кога им е тешко, тие се тешат со храната бидејќи како деца биле наградувани со благо за доброто однесување. Консумирањето храна со цел да се исфрлат негативните емоции не секогаш е лоша навика додека се држи под контрола. Проблемот настанува кога оваа навика ќе ги преземе нештата во свои раце.

Откако ќе завршите со вкусниот оброк, мозокот испушта допамин, невротрансмитер кој се поврзува со чувствата на задоволство и пријатност. Телото станува задоволено, а ние се чувствуваме добро. Но, емоционалната врска со храната станува проблем кога личноста почнува да јаде само со цел да го доживее тоа позитивно чувство.

„Ако сакате да постигнете подобри резултати, обидете се подобро да се запознаете и да станете свесни за сите оние нешта кои ве прават незадоволни и несреќни, односно откријте го тоа поради кои копнеете за храна дури и кога не сте гладни. Само тогаш ќе можете да преземете нешто против нив, притоа ослободувајќи си го патот кон слабеењето“, советува Робинсон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар