Најдобриот календар за 2019 година е со полициските кучиња од Ванкувер

Овој календар за прв пат бил направен во 2009 година, од страна на пензионираниот полициски наредник Мајк Енфилд, во чест на неговата сопруга, која ја изгубила битката со рак во 2004 година. Идејата била сите пари од продажбата да се донираат на Фондацијата за истражување на ракот, како и на Фондацијата на детската болница.

Полициските кучиња одлично се однесувале на сите фото-сесии од тогаш и биле навистина послушни. Но, тоа што е најинтересно е што можете дури и да ги забележите нивните карактери на фотографиите. На пример, Брандо изгледа навистина кул со очилата за сонце. Бејли обожава да се одмора во локалната кафетерија. А Џек пак, тој секогаш сериозно си ја сфаќа работата и е решен да ја дознае вистината од сите осомничени.

Во моментов, во Ванкувер има 15 полициски кучиња, со 15 тренери. Нивната работа е многу важна, бидејќи тие се од исклучителна помош при следење, апсење, наоѓање докази, како и при откривање наркотици, огнено оружје и експлозиви. Кучешката единица одговара на повеќе од 10.000 повици годишно, и помага на голем број луѓе.

Календарот чини 15 долари, и може да се порача од секаде во светот на овој линк.

Погледнете ги и австралијанските пожарникари што позираат со животни за новиот календар!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар