Најчестите митови што сте ги прочитале за вашата вагина и вистините зад нив

И покрај тоа што разговорот за интимните делови на телото повеќе не е табу тема, постојат неколку митови за вагината коишто сè уште се широко распространети. Иако тие навистина делуваат нелогично, бидејќи сите ги пренесуваат како „факт“, можеби и вие верувате во нив. Па, ако сакате да знаете кои се најчестите заблуди за вагината, продолжете со читање.

Големиот пенис може да ја повреди вагината

Токму тоа што го најчесто го слушаме на оваа тема е дека машкиот полов орган може да влијае на растегливоста на женскиот орган. Вистината е дека вагината се состои од растегливо ткиво коешто се шири за време на сексот и притоа отвора доволно простор за секоја големина на пенис. Исто така, оваа способност се менува во текот на циклусот, и секако, поради неа вагината се враќа во нормала брзо после породувањето.

Редовниот секс ги растегнува мускулите на вагината

Станува збор за уште една лага во којашто веруваат многумина, а тоа е дека жените што имаат почесто секс имаат и пошироки, односно поопуштени вагини. Мускулите на вагината се опуштаат за време на сексот, но откако односот ќе заврши, брзо се враќаат во првобитната состојба. Тоа што може да влијае на разлабавување на овие мускули е менопаузата, но цела декада подоцна.

Ако ги стегате вагиналните мускули, повеќе ќе уживате во сексот

Ова правило може важи за момците, но ако жените ги стегаат мускулите на вагината за време на односот, може да дојде до непријатност и болка. Кога жената е сексуално возбудена, вагината сама од себе се шири, па нејзиното стегање е знак дека таа не ужива или дека не е целосно опуштена.

Мускулите на карлицата можат да се зајакнат со вежбање

За разлика од претходните митови, овој е вистинит. Постои низа вежби со чија помош можете да ги зајакнете мускулите на карлицата и да имате „фит вагина“. Ако сте ја гледале ТВ серијата „Сексот и градот“ (The Sex and the City), тогаш сигурно сте чуле за Кегеловите вежби што ги прослави Саманта.

Дознајте и како обликот и големината на вагината можат да влијаат на оргазмите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар