Најчести митови и заблуди во врска со светските јазици

Денес, учењето странски јазик е сѐ поголем предизвик и потреба. Иако тоа ниту малку не е лесен процес, на крајот трудот и работата секогаш се исплатат. Сепак, постојат многу митови и заблуди во врска со јазиците кои се зборуваат ширум светот, а денес ви прикажуваме неколку интересни занимливости кои можеби ќе ве изненадат.

Најчести митови и заблуди во врска со светските јазици

Јапонскиот јазик е уникатен и невозможно е да го научите

Многу Јапонци со години наназад верувале дека нивниот јазик е уникатен и дека странците не можат вистински да го разберат и да го совладаат. Меѓутоа, граматиката на овој јазик е прилично едноставна, додека пак единствен најголем проблем за сите оние кои сакаат да го совладаат јапонскиот јазик е неговото писмо.

Францускиот јазик е пологичен во споредба со останатите јазици

Митот дека францускиот јазик е најјасен и најлогичен помеѓу сите останати, со векови е посилен од вистината. Имено, уште во 1647 година славниот француски филолог, Клод Фавр де Воглас рекол дека во сѐ што се кажува се следи редоследот на логично размислување, што воедно е и природен ред, а во тоа време владеело мислењето дека тој јазик поседува природна логика и јасност која другите јазици (па дури и латинскиот) ја немаат. Од друга страна, одредени лингвисти во францускиот јазик гледаат сложено совршенство како одраз на самата цивилизација. Но, вистина е дека е секој јазик е логичен и јасен во иста мера во која може да биде доживеан и како нејасен.

Кинеските знаци се наречени идеограми

Идеограм е графички симбол кој ја претставува идејата, наместо група букви, а многу европски мислители со векови верувале дека кинеските знаци служат токму за да се опише говорот. Италијанскиот мисионер Матео Ричи кинеското писмо го споредил со хиероглифи, а бидејќи тоа до ден денес е поедноставено, се дошло до тоа некои поими да се употребуваат како слогови, па може да се здружуваат што овозможува брзо читање и пишување. Некои од знаците кои се присутни во кинескиот јазик се освоени во системите за пишување во други источни јазици (како што е јапонскиот и корејскиот), а разликата помеѓу зборовите составени од повеќе симболи е екстремна. Исто така, за кинескиот јазик често се зборува дека претставува еден јазик, а говорниот кинески традиционално се дели на седум дијалектски групи.

Најчести митови и заблуди во врска со светските јазици

Велшкиот јазик е застарен

Велшкиот јазик го зборуваат околу 611.000 луѓе во Велс и околу 130.000 во Англија. Исто така, покрај англискиот, тој е и официјален јазик во училиштата.

Британскиот англиски е изворен англиски

Многумина сметаат дека англискиот јазик кој се зборува во Велика Британија е оригинален англиски и дека сите останати облици на тој јазик, како американскиот, австралискиот, новозеландскиот и јужноафриканскиот, многу се разликуваат од неговиот чист облик. Но, англискиот кој се зборува во Британија во последните три века значително се променил од стандардниот американски англиски.

Примитивните култури имаат примитивен јазик

Погрешно е сфаќањето дека културите со ниско ниво на материјален развој имаат едноставни јазични системи. Лингвистите го докажале спротивното од тоа дека примитивните јазици се одликуваат со недостаток на вокабулар, минимална граматика и слично, затоа што секој јазик подеднакво добро содржи сѐ што е потребно за да се каже она што се сака. Така на пример, во лапонскиот јазик има 1.000 различни зборови со кои може да се опише ирвасот.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар