На која возраст мажите и жените најмногу изневеруваат?

Неверството е еден од најголемите удари кои можат да ја погодат љубовната врска. Едно британско истражување открило дека на одредена возраст луѓето се дури два пати повеќе склони кон неверство. Имено, британскиот портал за пронаоѓање партнери IllicitEncounters.com со повеќе од милион корисници, открило кои се „најопасните“ години, односно на која возраст луѓето најмногу изневеруваат.

На која возраст мажите и жените најмногу изневеруваат?

Според добиените резултати, луѓето најмногу изневеруваат на 39-годишна возраст, а тоа се објаснува со фактот дека во тие години многу луѓе доживуваат животен пресврт, почнуваат да влегуваат во средовечна криза, преживуваат втора младост или бараат нова возбуда.

Истражувањето покажало дека луѓето се најсклони кон неверство во последната година од која било животна декада (19, 29, 39, 49 или 59). По возраста од 39 години, најневерни години се 49, а потоа следуваат и 29.

„Нашето истражување покажа дека некои луѓе изневеруваат за да го привлечат вниманието на партнерот. Доколку партнерот премногу работи и како последица на тоа не им посветува доволно внимание, врската со друга личност е нивен начин да кажат ’Ако ме сакаш, посвети ми внимание!’. Прељубата поради одмазда е исто така доста честа појава. Доколку во минатото сте го изневериле партнерот или сте го повредиле на друг начин, постои опасност дека тој ќе сака да се одмазди и да ви врати со иста мера“, вели сопственикот на порталот.

IllicitEncounters.com додава дека во текот на летните месеци луѓето се дури за 25% повеќе склони кон неверство. Ова се и 5-те најчести причини поради кои луѓето изневеруваат:

1. Недостаток на возбуда во кревет – 76%

2. Се укажала прилика – 54%

3. Монотонија во врската – 46%

4. Повторно воспоставување контакт со старата љубов на социјалните мрежи – 28%

5. Желба за промена – 22%

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар