Мудри и духовити цитати за мајчинството: Лудилото е наследно – вие го добивате од децата

Секоја вечер, мајката лежи исцрпена и свесна дека утрешниот ден ќе ѝ биде исто толку тежок како и овој. Сепак, за да ги изврши своите мајчински должности, не ѝ е потребна особено голема мотивација – доволен е само еден поглед од нејзините најмали и таа веднаш ќе почне да работи. Прочитајте ги овие духовити и мудри цитати за мајчинството кои ќе ве насмеат и ќе ви покажат дека сè што правите вреди…

Мудри и духовити цитати за мајчинството: Лудилото е наследно – вие го добивате од децата

„Донесувањето одлука да имате дете – тоа е важен момент. Тоа значи и да донесете одлука дека вашето срце секогаш ќе биде надвор од вашето тело.“ – Елизабет Стоун

„Чистењето на куќата додека децата се во неа е исто како чистење снег додека тој сè уште паѓа.“ – Ерма Бомбек

„Фразата ‘мајка која работи’ е излишна.“ – Џејн Селман

„Мајчинските раце носат повеќе утеха од кои било други.“ – Принцезата Дајана

„Лудилото е наследно. Го добивате од децата.“ – Сем Левенсон

„Мајчинството е експеримент за тоа колку долго може телото да функционира без сон и нега, напојувано исклучиво од адреналин, кофеин и насмевката на бебето.“ – Непознат автор

„Ако вашето дете никогаш не ве презирало, никогаш не сте биле родител.“ – Бети Дејвис

„Мајката секогаш мора да мисли два пати: еднаш за себе и еднаш за своето дете.“ – Софија Лорен

„Да имате деца е како да живеете во куќа на некое братство. Сè е лепливо, а не сте сигурни од што.“ – Непознат автор

„Мајката не е личност на која можете да се потпрете, туку личност која прави потпирањето да биде непотребно.“ – Дороти Кенфилд Фишер

„Мајката е личност која кога гледа дека останале само 4 парчиња торта, а во просторијата има 5 луѓе, кажува дека никогаш не сакала торти.“ – Тенева Џордан

„Да се биде мајка значи да учите за силата која не сте знаеле ни дека ја имате и да се носите со стравовите за кои не сте знаеле ни дека постојат.“ – Линда Вутен


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар