Момци, еве 10 причини зошто треба да излегувате со бринета

Сме слушнале како велат дека „русокосите повеќе се забавуваат“, но колку е тоа вистинито? Да, нивната боја е светла и весела, а црвенокосите внесуваат оган и страст во врската, но ако сте бринета (или сте излегувале со бринета), многу е јасно – знаете дека тие се најзабавни. Бринетите не се трудат да докажат дека тие најмногу се забавуваат, затоа што, да бидеме искрени, тие не ни имаат потреба да го прават тоа. Само погледнете ја Ким Кардашијан – се фарбаше руса и во рок од 10 секунди се врати на старата добра темнокафена боја.

1. Тие се најпаметни и сите го знаат тоа

Очилата што ги носат не се само за подобар изглед. Истражувањето на „Гарниер“ открило дека 75% од мажите сметаат дека бринетите се најинтелигентни жени.

1-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

2. Повеќе заработуваат

Океј, навистина не е сѐ во парите. Но, сигурни сте дека не ве „пали“ идејата дека таа си ги заработува и си ги троши сопствените пари? Една анкета во која биле анкетирани 6.000 луѓе открила дека бринетите имаат највисоки плати. Зборот „бринета“ стана синоним за независна жена.

2-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

3. Тие се подобри сопруги

Дури и ако не размислувате за брак, добро е да знаете дали некој е „материјал за сопруга“. Едно истражување открило дека 61% од мажите мислат дека жените со кафеава коса се соодветни за брак поради нивната лојалност и интегритет. За блондинките тоа го рекле само 14% од испитаниците.

3-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

4. Тие се и подобри пријателки

Истото истражување покажало дека бринетите се најдобри како пријателки. Плус, кој не би сакал партнер кој воедно е и најдобар пријател?!

4-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk_

5. Џејмс Бонд сака бринети

Тоа е факт. А кој воопшто би му се противел на Џејмс Бонд?!

5-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

6. Тие се најдобрите љубовници

Мислевте дека момците ги сакаат само русокосите? Една анкета покажува дека 58% од мажите мислат дека бринетите се најдобри во кревет. Ова не е нешто што треба да се занемари.

6-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

7. Тие се најинтересни

Сите сакаат партнер со којшто можат да разговараат, а бринетите се најдобриот избор. Според една анкета, 63% од мажите попрво би воделе сериозен разговор со бринета, отколку со русокоса. Упс, извинете русокоси.

7-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

8. Тие се независни

Никој не сака партнер кој целосно зависи од другиот. Како да бидете сигурни дека излегувате со некој што е независен? Изберете бринета. Едно истражување во Велика Британија открило дека 67% од мажите сметаат дека бринетите се најнезависни.

8-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

9. Тие се најпрактични

Блондинките се сметаат за безгрижни и забавни, но да бидеме сериозни – сѐ си има своја цена. Едно истражување покажало дека наспроти тоа, девојките со кафена коса се приземјени и попрактични од русокосите.

9-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

10. Тие прават и нивните партнери да се чувствуваат успешно

Момци запомнете: натпреварувачкиот дух е заразен. Една анкета покажува дека еден од пет мажи се чувствува поуспешно кога жената со која излегува е бринета.

10-momci-eve-10-pricini-zosto-treba-da-izleguvate-so-brineta-kafepauza.mk

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар