Моќта на убедувањето: Како да го добиете она што го сакате со една единствена реченица?

Моќта на убедувањето: Како да го добиете она што го сакате со една единствена реченица?

Вештината за убедување е долго проучувана техника, а сега конечно ја знаеме најубедливата реченица со чија помош гарантирано ќе можете да го добиете она што го сакате. Клучот е во тоа навидум да успеете да го одземете чувството на слобода кај личноста која сакате да ја убедите. Звучи манипулативно, но прочитајте за што станува збор, па потоа самите одлучете дали ќе го применувате ова или.

Моќта на убедувањето: Како да го добиете она што го сакате со една единствена реченица?

Бихевиоралниот научник Николас Гуген им пришол на 640 луѓе ги прашал дали би сакале да дадат парична донација за детска хуманитарна организација. Но, кај одредена група луѓе тој искористил поинаков пристап и на тој начин ја открил тајната реченица што гарантира успех при убедувањето.

На луѓето од првата група тој им пристапил со зборовите: „Веројатно сте заинтересирани за организации кои се занимаваат со деца со здравствени проблеми. Дали би сакале да ни помогнете со тоа што ќе донирате?“. Потоа, за втората група, истото прашање го формулирал на овој начин: „Веројатно сте заинтересирани за организации кои се занимаваат со деца со здравствени проблеми. Веројатно ќе одбиете, но дали би сакале да ни помогнете со тоа што ќе донирате?“.

„Веројатно ќе одбиете!“, ова е најубедливата реченица според резултатите. Имено, 25% од луѓето во првата група направиле донација, додека, пак, во втората група тој процент изнесувал 39,1%. Мислите дека станува збор за случајност? Веројатно грешите и мора да признаете дека ова се навистина интересни откритија.

Па, зошто оваа реченица има толкава моќ на убедување? Тоа е така затоа што оваа реченица навидум го одзема чувството на слобода и избор кај луѓето. Токму тоа ќе го направите ако му кажете некому „Веројатно ќе одбиеш“. Вие одлучувате наместо нив и на тој начин им ја одземате слободната волја.

Освен тоа, оваа реченица не е единствената што го постигнува истиот ефект. Слично влијание имаат и речениците како „Нека не ти биде обврска, но…“, „Слободно можеш да прифатиш или одбиеш, но…“ и „Прави како што сакаш, но…“. Истражувачите дознале и кои се најубедливите зборови и тука спаѓаат „Ти“, „Веднаш“ и „Слободно“. Исто така, ако му се обратите на соговорникот по име, ќе можете веднаш да ја свртите ситуацијата во ваша корист. Зборот „Бидејќи“ е уште еден убедлив збор затоа што нуди објаснување за вашето барање и на тој начин го прави да изгледа поубедливо и покрај тоа што причината можеби нема никаква смисла.

Вреди да се истакне дека овие методи се соодветни за некои околности, но за некои не се. На пример, ако работите како продавач или сте на интервју за работа, употребата на убедливи реченици и зборови може да ви донесе успех.

Меѓутоа, во моментот кога ќе ги извалкате вашите постапки со нечесност и задни намери, би требало да престанете. Сигурно и вам ви се случило некој да се обиде да ве манипулира со зборовите „Не мораш, но…“ и знаете дека чувството не е баш најпријатно. Поради тоа, внимателно користете ги овие техники и не ја злоупотребувајте нивната моќ.

За да дознаете уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да бидете поубедливи, погледнете го и ова интересно видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар