Многумина би рекле „нема шанси“: Нередот може да биде причина поради која не можете да се збогатите!

Многумина би рекле „нема шанси“: Нередот може да биде причина поради која не можете да се збогатите!

„Парите се корен на сето зло“, е поговорка што погрешно ѝ се припишува на Библијата. Точниот цитат е: „Љубовта кон парите е корен на сето зло“. Тоа значи дека е лошо за нас ако сме алчни или им придаваме преголемо значење на парите.

Многумина би рекле „нема шанси“: Нередот може да биде причина поради која не можете да се збогатите!

Но, вистината е и дека „Недостигот на пари е корен на сето зло“, како што рекол американскиот писател Марк Твен.

Редот значи богатство

За да можат парите да „оживеат“, прво ви треба воведување ред. Домот, канцеларијата, облеката, меѓучовечките односи и сè друго заслужува чистота и уредност. Темелно исчистете го вашиот дом, канцеларијата, па дури и вашето возило. Наредете ги нештата на бирото, во фиоките и на полиците, така што нивниот изглед би бил што пофункционален. Отстранете ја нечистотијата и исфрлете ги непотребните предмети.

Почитувајте ги средствата за плаќање

Не „стуткувајте ги“ парите во вашиот паричник, чанта, плик или фиока. Парите заслужуваат почит. Обидете се да не ги виткате, згужвувате или валкате. Ако ги чувате во вашиот паричник, поставете ги банкнотите, така што најниските суми ќе бидат напред, а повисоките во позадина. Поставете ги вашите кредитни картички исправено и наместете ги со предниот дел кон напред. Ако внимавате на вашите пари и другите средства за плаќање на овој едноставен и лесен начин, тоа ќе ви се исплати и секогаш ќе ви бидат достапни.

Сортирајте ги сметките со одвојување на платените од неплатените.

Кристали на богатството

Купете си парче од кристалот цитрин, кој има голема моќ да привлече пари и генерално изобилие. Тој е многу благороден кристал и е достапен во многу специјализирани продавници. Ставете го на местото каде што ги чувате парите, во вашиот паричник, во фиоката, на вашата работна маса… Цитринот, исто така, ќе ја зголеми вашата самодоверба, па затоа е добро да го носите како накит. Пиритот е уште еден популарен камен што привлекува богатство.

Растенија на изобилството

Имајте босилек во вашата куќа, фантастично растение што привлекува пари. Чувајте чинија со ориз во станот бидејќи симболизира плодност и изобилство. Тегла со портокали, лимони или лимети во куќата е уште едно нешто што носи материјален напредок. Истурете 100 грама цимет во сад и ставете го во делот од станот каде што работите или каде ги чувате вашите пари. Етеричното масло од цимет е уште посилно, па истурете неколку капки во мирисната лампа и оставете мирисот да се шири низ домот.

Побарајте го југоисточниот агол

Според фенг шуи, секое поле од животот има соодветен енергетски центар во одреден дел од домот. Југоисточниот агол на вашиот дом и во одредени простории е местото што владее со вашите приходи. Според класичните правила на фенг шуи, предметите што ги поставувате во тој дел од домот влијаат на вашата способност да стекнете приходи.

Виолетова, црвена и зелена боја

Овие бои ја поддржуваат енергијата на изобилство. Изберете го начинот на примена во зависност од мебелот во станот. Ако сакате, закачете слика со виолетови, црвени и зелени тонови на тој дел од ѕидот. Ставете три фигурини во тој агол или инсталирајте три светла во тие бои. Ставете стаклена топка вметнувајќи во неа виолетов аметист, црвен карнеол и зелен жад.

Симболи на богатството

Во југоисточниот дел од домот, ставете сад со парички или златни предмети. Садови со странски или антички монети, исто така, ќе го унапредат ова поле. Ставете фотографии или уметнички дела што ја претставуваат ваша потрага по богатство.

Сцени со вода

Ако не сакате вашата кариера да се промени во блиска иднина или планирате да заминете во пензија, украсете го домот со слики на вода што стои – море или езеро. Ако сакате промени, ставете слики со вода што тече. Избегнувајте слики со водопад, бура или осамен светилник.

Темни бои

Според фенг шуи, темните бои како морнарската сина, темно зелената, сивата и црната се поврзани со водата. Истото важи и за асиметрично обликуваните предмети. Вметнете ткаенини и предмети со тие бои и облици во овој дел од домот за да ја зајакнете добрата енергија во полето – кариера.

Многумина би рекле „нема шанси“: Нередот може да биде причина поради која не можете да се збогатите!

Визуелизирајте го богатството

Замислете се себеси како живеете во безгрижна благосостојба. Едноставните ментални слики ќе ви помогнат да привлечете изобилство. Замислете дека можете да ги платите сите сметки навреме, да добиете важни нешта и услуги. Почувствувајте ја безбедноста, удобноста, радоста и слобода што парите би ви ја овозможиле. Ако се чувствувате како навистина да го доживувате тоа што си го претставувате пред себе, вашата потсвест полесно ќе ја прифати визуелизираната содржина.

Зошто богатството не доаѓа кај вас?

Неред и нечистотија

Изобилството е под покровителство на планетата Венера. Венера е божица на убавината и шармот, така што таа нема да влезе во валкана и неуредна куќа. Куповите ѓубре, затнатите одводи и насобраната прашина го блокираат патот за збогатување и напредок, така што тие не можат да течат или да се акумулираат.

Протекување и капење

Ако во куќата имате пукнати цевки или чешми и вашите пари би можеле да истечат. Колку протекувањето е поблизу до југоисточниот агол од домот, толку поголемо ќе биде негативно влијание. Без оглед дали водоводот е во ред, затворете ги славините. Истото важи и за кантите за отпадоци и ѓубрето – сите треба да бидат затворени.

Расипани и искинати нешта

Поправете ги или отстранете ги неисправните предмети или апарати. Отстранете сè што е неисправно или нефункционално, вклучително и застанатите часовници што покажуваат погрешно време, празните батерии, расипаните светилки и осигурувачи, старата облека и исушените растенија.

Сцени на сиромаштија

Сликите или статуите што ја отсликуваат природата, зградите или луѓето во состојба на умирање, уривање или мизерија се мешаат во енергијата на изобилството. Ако поради некоја причина таквите уметнички дела се важни за вас, не ставајте го на видно место.

Негативни ментални програми

Многумина стравуваат да располагаат со пари затоа што некој би можел да им ги земе, дека нивните роднини и пријатели би можеле да им побараат заем или дека некој би можел да ги ограби. Овие ментални програми може да бидат длабоко вкоренети и да влијаат на приходите.

Можеби сакате да прочитате и за што вашиот однос кон парите говори за вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар