Мачките и кучињата ја апсорбираат негативната енергија и штитат од болести и депресија!

Врската помеѓу луѓето и нивните домашни миленици може да биде многу моќна и интензивна. Иако со животните не може да се комуницира преку говор, врската со нив може да биде многу подобра отколку со луѓето со кои живеете. Бидејќи мачките и кучињата можат да ја почувствуваат негативната енергија тие на неа реагираат на одредени начини.

Која е духовната цел на животните?

Кучињата имаат своја цел – овде се за да ги бранат луѓето и да им помагаат. Освен што ве штитат физички тие исто така ве чуваат и од уроци и проклетство. Кучето ќе се обиде да ја спречи лошата енергија која доаѓа кон вас и ќе се обиде да ја апсорбира. Тие ќе ве заштитат и од невидливи и од видливи нешта.

Бидејќи мачките се малку поинакви, нивната функција на овој свет е исто така поинаква. И тие се тука за да му помогнат на човештвото, но имаат малку поразлична функција. Нивната функција во овој свет е да ја исчистат околината во која живееме, да ја восприемаат негативната енергија и да ја отстранат. Но, ако енергијата е претешка тие ќе побегнат.

Мачки – Реики мајстори

За мачките се вели дека се Реики мајстори и исцелители. Реики е техника за духовно исцелување која ја користи енергијата на срцето што тече низ нашите раце. Мачките се во состојба да ја усогласат нерамнотежата на вашите чакри користејќи го нивното тело и шепите. Познати се случаи во кои домашните миленици се болни од истата болест како и нивните сопственици. Затоа мора да знаете какви негативни енергии се присутни во вашите домови.

Животните се природно емпатични

Секое животно е чувствително на одредена енергија. Тие можат многу лесно да ги откријат вибрациите коишто се случуваат во вашето тело. Како што ве сакаат, така тие ја впиваат чудната енергија која им ја претставувате. Ако не ги одведете на прошетка, во контактот со луѓето или природата тие ќе бидат преоптоварени со штетна и тешка енергија.

Домашните миленици не можат да поднесат многу негативност во нивните тела или во околината во која живеат. Тие вистински ве сакаат и би направиле сè што можат за да ве задоволат и да ве направат среќни. Ја апсорбираат негативната енергија од вас или која било друга енергија која ви доаѓа и на тој начин ве штити од болести, депресија, умор.

Ако сакате да ги заштитите вашите домашни љубимци од болести мора да се грижите за вашиот внатрешен свет – за вашите емоции, чувства, мисли и ставови. Исто така мора да го заштитите вашето тело од некои енергетски напади кои доаѓаат од надворешниот свет: треба да медитирате, да проучувате и да се поврзувате со подобри извори. Поради тоа вашето тело, домашниот миленик и домот заедно со вашето семејство ќе ви бидат неизмерно благодарни.

Какво е духовното значење кога сакате мачка или куче?

Астролошки, мачите се поврзани со вашиот месец кој ги претставува мајчинските чувства, грижа и љубов. Луѓето чувствуваат потреба од чување мачка кога им недостигаат таквите чувства.

Кучињата се поврзани со сончевата енергија. Оние луѓе кои сакаат да имаат куче често бараат слобода, енергија и независност. Децата ќе посакаат да чуваат куче кога повеќе им се потребни дружба и внимание. Меѓутоа, возрасните ќе почувствуваат потреба да имаат куче кога бараат нови почетоци во нивниот живот.

Дознајте и зошто луѓето повеќе ги бакнуваат своите кучиња отколку партнерите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар