Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

Секој од нас има некоја приказна од детството, на која или се сеќава или пак, е многу пати раскажана од членови на семејството, а којашто е и повеќе од смешна. Постојат многу нешта за кои кога сме биле деца сме верувале дека се точни, но кога сме пораснале сме го сфатиле нивното точно значење.

Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

Вистина е, кога сме деца можеме да ги сфаќаме нештата или премногу буквално или целосно несоодветно. Еве на што од своето детство се сеќаваат некои луѓе и со насмевка, но и со извесен срам, бидејќи мислењата ги задржале и кога биле повозрасни.

1. „Ова е хаос!“

„Мојот татко изговараше најразлични зборови кога ќе заглавевме во сообраќај или кога семафорот ќе трепкаше во жолта боја. Јас и мојот брат седевме на задните седишта. Со години, ама буквално со години, ја и тој мислевме дека техничкиот збор за расипан семафор е ‘хаос’. Го повторувавме тоа секогаш кога ќе начекавме расипан семафор, дури и кога бевме повозрасни, но никој не нè коригираше. Денеска, секогаш кога возам и кога ќе се случи тоа, со насмевка се сеќавам на своето детство и тоа трае додека некој идиот не ми го пресече патот.“

2. Дете со бујна фантазија

„Поминавме покрај казино и ја прашав мојата маќеа што е тоа. Таа ми одговори дека тоа е место каде што луѓето фрлаат пари во тоалет и пуштаат вода. Не мора да кажам дека уште долго време мислев дека во казино навистина се фрлаат пари во шолја и се пушта вода.“

Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

3. Малку непријатна вечера

„Мојата другарка дојде првпат кај мене дома. Мајка ми ни подготвуваше вечера и таа ѝ кажа ‘Госпоѓо Смит, јас сум вегетаријанка’, а јас како од пушка одговорив: ‘Мислев дека си само црна.’“

4. Детето кое мислеше дека мајка му е криминалец

„Мислев дека кога мајка ми ќе испере сметка или пари заборавени во џеб, дека тоа е всушност она перење пари за кое слушав на телевизија.“

5. Детето кое не знаеше како се вика мајка му

„Бев уверен дека мајка ми се вика Мама и кога некој ја бараше Деби на телефон, велев дека избрале погрешен број.“

Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

6. Детето буквалист

„Кога на телевизија одеше кампањата за заштита од шумски пожари, мислев дека анимираната мечка ми се обраќа мене директно.“

7. Детето кое им судеше на другите според интелигенцијата

„Кога првпат го чув зборот ‘оксиморон’, бев убеден дека се работи за смотана крава.“

8. Некои зборови навистина можат да збунат

„За нешто што е бесценето мислев дека е бесплатно, бидејќи, нели, нема цена…“

Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

11. Детето кое ги измеша лековите

„Пасторот во нашата црква кажа дека го боли глава, па му реков да се напие вијагра, мислејќи дека е исто што и парацетамол. Не мора да кажам дека повеќе смеа добив поради својата збунетост, отколку за самата препорака.“

12. Детска мрачна интерпретација

„Мислев дека ‘хомицид’ значи убивање хомосексуалец…“

Луѓе споделуваат кои биле најсмешните нешта што погрешно ги разбрале во детството

13. Децата и радиото

„Кога бев дете мислев дека музичарите и бендовите одат во радио-станиците и таму настапуваат и ние така слушаме музика преку радио.“

14. „Не пиј додека возиш“

„Мислев дека оваа парола се однесува буквално на секоја течност. Еднаш татко ми пиеше минерална вода додека возеше и јас му реков дека не смее да пие додека вози. Ме погледна како да сум идиот!“

15. Лицето по име Мени Мор

„Кога гледавме некое шоу и кога најавуваа познати личности, ги набројуваа имињата и завршуваа со ‘и многу други’ (and many more). Секогаш мислев дека тоа Мени Мор е личност.“

Прочитајте и кои се 7-те работи кои децата можат да ги наследат само од татковците.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар