Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна: Најголемите еврејски мудрости

Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна: Најголемите еврејски мудрости

Секој народ зад себе остава мисли според кои ќе биде уште долго памтен. Истото се случува и со еврејските мудрости, кои со векови се прераскажуваат, цитираат и пренесуваат од колено на колено. Тие се чуваат како драгоцени бисери, токму поради мудроста која ја кријат во себе. Погледнете дел од најмоќните еврејски мисли кои ќе ви го сменат погледот кон вашиот живот…

Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна: Најголемите еврејски мудрости

„Ако човек испие малку, тој е добар како овца. Ако испие малку повеќе, тој станува храбар како лав. Ако ја пречекори границата, станува суров како тигар, а ако пиењето му стане страст – почнува да наликува на свиња која се валка во калта.“

„Оној кој не знае да го научи своето дете дека преку потта на своето лице го заработува лебот, тогаш тој одгледува крадец.“

„Тоа што е супа за телото, е насмевка за душата.“

„Од успехот до неуспехот нè дели само еден чекор. Од неуспехот до успехот нè дели долг пат.“

„Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна.“

„Ако не бидете подобри, ќе бидете полоши.“

„Човекот е секогаш одговорен, без разлика дали неговиот чин бил случаен или намерен, без разлика дали спие или е буден.“

„Научи да молчиш со цел да знаеш како да одговориш.“

„Тоа што кај паметните го постигнува разумот, кај будалите го постигнува ќотекот.“

„Крчмарот обожава пијаница, но не и за свој зет.“

„Онаму каде што ѓаволот не може сам, испраќа вино.“

„Честа е како млеко, станува нечиста дури и од најмалите трошки.“

„Прво пиеме вино, а потоа виното пие вино и на крај, виното нè пие нас.“

„Ако имате горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ви помогне.“

„Нека Бог ве чува од злобни жени, а од добрите чувајте се сами.“

„Кога ви изгледа дека од одредена ситуација нема излез, има барем 4.“

„Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар