Љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите

Љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите

Страсните читатели размислуваат поинаку од другите луѓе. Освен тоа, сигурно веќе знаете дека читањето има позитивно влијание на мозокот. Книгите не само што ја подобруваат мозочната функција, туку и го менуваат начинот на кој го разбирате и комуницирате со светот околу вас. Доколку и вие се сметате за љубители на пишаниот збор, погледнете како вашиот начин на размислување се размислува од оној на останатите…

Љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите

Имате повеќе бела материја во мозокот

Научно докажано е дека читањето го подобрува менталното здравје. Научниците испитале група луѓе кои читале 6 месеци секој ден и откриле дека кај нив дошло до значително зголемување на густината на белата материја во областа на мозокот што е задолжена за јазици. Белата материја е всушност одговорна за пренесување на нервните импулси помеѓу невроните. Освен тоа, истражувачите од Универзитетот Стенфорд откриле дека читањето ги подобрува комплексните когнитивни функции и го зголемува протокот на крвта во разни области од мозокот. Не ни чудно што страсните читатели размислуваат поинаку од останатите!

Емпатични сте

Покрај зголемената когнитивна функција, љубителите на читањето исто така покажуваат поголема емпатија кон луѓето. Истражувањата покажале дека читањето книжевни романи, особено такви со силни општествени пораки, им помага на читателите подобро да ги разберат туѓите чувства, емоции и искуства. Доколку некогаш сте ги доживеале книжевните ликови како вистински, знаете за што зборуваме. Вашиот капацитет за сочувство и емпатија постојано расте, дури и во случај кога искуствата и ситуациите се измислени.

Имате поголема концентрација

Некои истражувања покажале дека традиционалната структура на една приказна (почеток, средина и крај) го поттикнува мозокот да размислува на истиот начин и да бара врска помеѓу причините и последиците. Колку повеќе читате толку повеќе вашиот мозок ќе може да ја подобрува оваа вештина и на тој начин ќе се зголемува вашата концентрација и способност да го задржите фокусот подолго време. А тоа значи дека ќе можете и подолго да читате!

Не донесувате избрзани заклучоци

Љубителите на читањето секогаш ги земаат предвид околностите и позадината на нечија постапка пред да донесат заклучок. Тие поминуваат многу време во книжевниот свет каде што не се изложени само на постапките на ликовите туку и на нивните внатрешни мисли, па затоа знаат дека секое дело е предизвикано од страна на одредени комплицирани околности и позадина. Тоа ги прави многу љубопитни, бидејќи сакаат да ја знаат психолошката позадина на туѓото однесување, но и многу трпеливи, бидејќи секогаш знаат дека постои цврста причина за нечија постапка и однесување.

Љубителите на читањето размислуваат поинаку од останатите

Не знаете дали да одберете читање книги или да направите други планови

Доколку познавате некои страсни читатели или вие самите сте дел од нив, сигурно знаете дека љубителите на читањето се подготвени да го откажат секој направен план за да прочитаат добра книга. Ова се однесува на сите излегувања со пријателите, љубовни состаноци, забави, родендени, лекарски прегледи, свадби, крштевки и слично. Вечната дебата на читателите е дали да одберат книга или други планови. Сепак, длабоко во себе, тие уште веднаш се обидуваат да смислат изговор зошто не можат да се појават на некој настан. Во реалноста, не постои никаква дебата. Сите идни планови се прекршени во моментот кога ќе земат книга од полицата.

Најмногу пари трошите на книги

Сигурно ви се случило да отидете да пазарите и да се вратите со 10 книги, а фрижидерот да ви остане празен. Книгите секогаш победуваат. Сепак, гледајте да им дадете предност на сметките за струја. Читањето книги на свеќи е романтично, но нема потреба да останете заглавени во времето.

Сите патишта водат кон читањето

„Сѐ што ќе видам ме потсетува на нешто што сум го прочитала во некоја книга, а зар не би требало да биде обратно?“ – Кетлин Кели, сопственичка на книжарница

За љубителите на читањето, сѐ се врти околу книгите: Работите што ги гледаат, местата што ги посетуваат, луѓето кои ги запознаваат, времето и парите што ги трошат… Буквално сѐ!

Во продолжение дознајте зошто читањето книги е најдобриот начин да го поминете слободното време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар