Куса приказна за бракот која отвора очи: Колку навистина го познавате својот партнер?

Куса приказна за бракот која отвора очи: Колку навистина го познавате својот партнер?

Можно е со некого да го поминете животот и сепак да не го познавате доволно. Но, колку е доволно? И што се крие зад тие мали мистерии? Љубов, секако.

kusa-prikazna-za-brakot-koja-otvora-ochi-kolku-navistina-go-poznavate-svojot-partner-kafepauza.mk

На денот на нивната 30-годишнина од брак, жената како и обично печела леб.

Печела секое утро. Тоа била нивна традиција. Исекла 2 парчиња леб и двете ги премачкала со путер. Како и обично, го зела парчето од средината на лебот, она без кора од едната страна и му го подала на сопругот, а за себе, како и вообичаено, го задржала крајчето, но тогаш се сепнала…

Си помислила: „Денес, кога славиме 30 години од брак, за појадок јас го сакам парчето од средината на лебот. Сонувам за тоа цело време. Бев примерна сопруга 30 години и ги одгледав двајцата наши синови за да станат добри луѓе. Вложив толку многу труд за доброто на нашето семејство.“

Одлучила на сопругот да му го даде крајчето, но тогаш се стресла што ја прекинува 30-годишната традиција.

Мажот и јас фатил раката и ѝ рекол: „Драга, денес ми даде прекрасен подарок. Цели 30 години не го јадев тоа парче леб со кора кое толку многу го сакав, бидејќи сепак праведно е ти да го добиваш она што најмногу го сакаш. Ти благодарам!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар