Креативни прослави на родендени во карантин

Креативни прослави на родендени во карантин

Поради моменталната пандемија не можеме да излеземе надвор и да ги славиме нашите родендени како што сакаме, но тоа не значи дека креативните прослави не можат да се случат и дома. Дури иако живеете сами, роденденот во карантин не мора да биде осамен.

Прочитајте ги овие 5 приказни за луѓе кои на креативен начин го прославиле својот карантински роденден.

1. 68-ми роденден на „Zoom“ со пријатели од целиот свет

Една жена од Балтимор решила да направи виртуелна прослава на роденденот на својот сопруг со пријатели од целиот свет. Таа планирала сè преку мејл, земајќи ги предвид различните временски зони. На виртуелната прослава сите носеле роденденски капи и ја пееле роденденската песна, а исто така имале и свеќи на постер од торта.

Потоа, секој член од семејството раскажал по нешто за роденденецот. Некои од коментарите биле дека тој бил посветен брачен другар, ги мотивирал децата да учат и неговата позитивност за моменталната ситуација го мотивира да го искористи времето за да ги поправи работите околу куќата, градината и да вежба јога.

Креативни прослави на родендени во карантин

2. 5 годишното момче на кое му се остварил сонот

Една мајка од Чикаго сакала нејзиниот син да има забавен роденден, па бидејќи не можел да ги покани своите пријателчиња, таа решила да направи нешто креативно.

Малото момче многу ги сакало против пожарните камиони, бидејќи се големи и гласни и секогаш се возбудувал кога ќе поминат покрај куќата.

Мајката слушнала дека една компанија за против пожарни камиони правела паради за луѓето во карантин, па решила да ги контактира. Тие биле многу зафатени, но не можеле да го одбијат малото момче. Таа исто така контактирала и една компанија за трамболини, па роденденот завршил со 15 автомобили од кои неколку биле против пожарни камиони, а останатите биле сопствениците на компанијата за трамболини.

Креативни прослави на родендени во карантин

3. Виртуелна хавајска забава

Една жена планирала патување на островот Хаваи, но пандемијата и ги уништила сите планови. Таа живее сама, но решила да направи виртуелна хавајска забава, така што купила цвеќиња и пијалаци и ги испратила на своите пријатели. Таа направила и квизови за нејзините пријатели за да открие кој најдобро ја познава.

Една од нејзините пријателки свирела укулеле, па сите заедно пееле и забавата навистина била во духот на Хаваи.

Креативни прослави на родендени во карантин

4. Прославување на 6 родендени во 6 дена

Повеќето членови во семејството на една жена од градот Денвер имале родендени кои паѓаат во средината на април во иста недела, па тие секогаш имале многу родендени за славење. Потоа се омажила и нејзиниот сопруг имал роденден во истата недела, а нејзиното најстаро дете се родило на истиот ден како татко му. Тие секогаш славеле заедно и разменувале цвеќиња, но оваа година, бидејќи не можеле да се сретнат, решиле да нарачаат храна со цел да ги поддржат локалните бизниси.

Креативни прослави на родендени во карантин

5. Виртуелна забава за танцување „Кралот тигар“

Една девојка која живее во Њујорк решила да го прослави својот роденден виртуелно со пријателите кои ги нема видено околу 20 години.

Нејзините пријатели ја прашале кои и се омилените песни, а потоа ја поканиле во апликацијата „Zoom“. Таа била многу изненадена кога видела околу 50 пријатели од целиот свет вклучени за да го прослават нејзиниот роденден. Наместо 2 часа, забавата траела подолго и сите уживале во пеењето и танцувањето на нејзините омилени песни. Забавата била наречена „Кралот тигар“ бидејќи славеничката била облечена во маица со тигар и соодветни хеланки кои и ги испратиле нејзините пријатели.

Креативни прослави на родендени во карантин

Погледнете ги овие фотографии од прекрасни погледи кои секој би сакал да ги има за време на изолација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар