Креативни цитати за храната
Едно е сигурно – сите сакаме добра храна! Магијата и миксот на вкусови од најдобрите кујни во светот секогаш биле инспирација за најголемите гурмани. Кога запознаваме ново место најдобро го запознаваме преку традиционалната храна која засекогаш се врзува за нашите сетила. А кога ни доаѓаат дома гости најважно е да им понудиме вкусна храна на софрата, зашто тогаш се чувствуваат најпријатно во нашиот дом. Колку пати ви се случило да помирисате печени колачиња и да ве преплават спомени од детството?
Добрата храна е задоволство кое го прави животот побогат, па во нејзина чест, следат низа интересни мисли во комбинација со креативни илустрации.

„Луѓето коишто сакаат да јадат се секогаш најдобрите луѓе“. – Џулија Чајлд

„Готвам со вино. А понекогаш дури го додавам и во храната“. – В.Ц. Филдс

„Сите јадеме и би било тажно да не ја искористиме можноста да јадеме добро“. – Ана Томас

„Не можеш да купиш среќа, но можеш да си купиш мафини, а тоа е горе-долу истата работа“.

„Балансирана диета е кога имаш по едно колаче во секоја рака“. – Барбара Џонсон

„Храната е важен дел од балансираната исхрана“. – Фран Лебовиц

„Ветувања и кората од пита служат за да бидат прекршени“. – Џонатан Свифт

„Секогаш додавајте премногу топол крем на сладоледот. Тоа ги прави луѓето презадоволни и така тие стануваат ваши должници“. – Џудит Олни

„Животот е комбинација од магија и тестенини“. – Федерико Фелини

„Човек не може добро да размислува, да љуби и да спие доколку добро не вечерал“. – Вирџинија Вулф

„Најзначајното нешто во врска со мојата мајка е тоа дека 30 години на семејството му принесуваше само остатоци од храна. Оригиналниот оброк никогаш не беше пронајден“. – Калвин Трилин

„Карфиолот не е ништо повеќе од зелка со факултетска диплома“. – Марк Твен

„Сирење – тоа е скокот на млекото кон вечноста“. – Клифтон Фадимен

„Сакам ориз. Оризот е супер кога си гладен и сакаш да изедеш 2.000 парчиња од нешто“. – Мич Хедберг
Овие симпатично илустрирани цитати се дел од книгата „Готвачите за храната, јадењето и готвењето“, која можете да ја набавите некому за подарок за 7,95 долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.