Краток филм: Легендата за летечкиот домат

Како мало девојче, Фрида се соочува со исмевање и заплашување од другите. Години подоцна, инспирирана од борецот Ел Пирана, таа и самата влегува во рингот во потрага по успех. Стигнува до големи успеси, но штом дојдат неуспесите таа ќе мора да се соочи со своето минато и со својата сегашност и да се прифати таква каква што е за да може повторно да го најде патот до успехот. Приказната има силна порака пренесена на симпатичен начин: Најголемата сила треба да ја црпиме од нашите најголеми слабости. Филмот е дело на Шарон Хуанг, Мајкл Јејтс и Ори Тан.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар