Колку сте добри во кревет зависи од вашата крвна група

Колку сте добри во кревет зависи од вашата крвна група

Вештините во сексот зависат од многу фактори, но веројатно не сте ни помислиле дека и крвната група би можела да игра голема улога.

Колку сте добри во кревет зависи од вашата крвна група

Луѓето со крвна група О се прогласени за најдобри сексуални партнери. Многу од припадниците на оваа група без размислување би го скратиле нивното уживање само за да го задоволат партнерот. Оваа крвна група е најчеста, а мажите кои припаѓаат овде имаат најмалку проблеми со потенцијата.

Припадниците на крвната група О сакаат да експериментираат и се навистина креативни во кревет. Не ја сакаат монотонијата, па затоа дури и си поставуваат тешко остварливи цели. Најдобра ситуација би била кога и двајцата партнери се со оваа крвна група, бидејќи групите А, Б и АБ не се снаоѓаат најдобро во кревет.

Научниците кои работеле на истражувањето утврдиле дека машките припадници на крвните групи А, Б и АБ имаат околу 4 пати поголеми шанси за проблеми со потенцијата и еректилна дисфункција. Резултатите од истражувањето покажале дека дури 42% од машките припадници на крвната група А имале проблеми со потенцијата, а само 16% од мажите со крвна група О го имале истиот проблем.

Сè уште не е јасно зошто крвната група има улога во сексот и како всушност влијае на потенцијата.

Што мислите, колку пати месечно треба да имате секс?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар