Кој пее, зло не мисли: Дали знаете дека пеењето може да ви го промени мозокот?

Кој пее, зло не мисли: Дали знаете дека пеењето може да ви го промени мозокот?

„Пеењето ја зголемува самосвеста, самодовербата и способноста за комуникација со другите. Тоа го намалува стресот, ни дава утеха и ни помага да го откриеме нашиот идентитет и влијание во светот.“ – Кети Кет, оперска певица

Музиката отсекогаш имала важна улога во нашето општество, тргнувајќи од церемонијалната и ритуална музика на нашите предци. Всушност, археолозите откриваат дека првите музички инструменти се појавиле пред 30.000 години. Преку песните, луѓето ја раскажувале својата историја, го негувале фолклорот, ги славеле верските празници и ги мотивирале работниците на полињата.

Кој пее, зло не мисли: Како пеењето може да ви го промени мозокот?

Иако музиката е присутна во многу различни области од нашиот живот, честопати ги забораваме нејзините здравствени придобивки. Меѓутоа, во последно време се обрнува големо внимание на исцелувачките моќи на музиката. Психологот Даниел Џ. Левитин го посветил својот живот за да го разбере влијанието на музиката врз човечкиот мозок.

Благодарение на неговите истражувања, тој заклучил дека музиката може да го намали стресот и да ја подобри функцијата на имунолошкиот систем. Најголема моќ има пеењето во група. Оваа активност создава чувство на заедништво, ги поврзува луѓето и ни помага да стекнеме меѓусебна доверба.

Истражувачите го испитувале влијанието на пеењето во големи хорови (со повеќе од 200 луѓе) и во помали хорови (со 20-80 луѓе). Посебно внимание обрнале на нивото на блискост и праговите на толеранција на болка на луѓето што учествувале во групите. Резултатите покажале дека членовите од двата хора имале повисок праг на толеранција на болка по одреден период поминат во заедничко пеење, меѓутоа ефектот бил поголем кај луѓето во поголемите хорови.

Сите истражувања што биле спроведени со цел да се открие влијанието на музиката врз мозокот дошле до сличен заклучок: Музиката делува како еден вид лек за оние коишто ја изведуваат во каква било форма. Пеењето или свирењето некаков инструмент ослободува ендорфин и ја предизвикува истата реакција што спортистите ја доживуваат по физичката активност. Тоа создава чувства на среќа, поврзаност и задоволство.

Најдобриот дел од целото истражување е сознанието дека не мора да ве „бива“ за да ги искусите здравствените придобивки. Доколку не сте талентирани за пеење, можеби нема да настапите на сцена во живо, но дефинитивно можете да пеете заедно со вашите пријатели и да уживате во предностите на оваа активност. Заборавете на вашите вештини и најважно од сѐ: Забавувајте се!

Во продолжение, дознајте кои 5 видови музика ја зголемуваат вашата продуктивност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар