Кои се најлуксузните вкусови во светот и дали би платиле за да ги пробате?

Оваа листа секогаш е подложена на промени бидејќи цената на овие продукти варира од сезона во сезона. Сепак и покрај тоа, овие 10 видови храна се најскапите нешта што можете да ги вкусите. Редоследот е делумно според цената и според луксузноста на продуктите.

1. Кавијар од белушки кит

(1)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mk

Овој кавијар може да достигне цена и до 4.300 евра за килограм. Кавијарот е всушност јајца од риба, а овој бренд доаѓа од белушкиот кит кој живее во Каспиското море. На китот му се потребни 20 години за да ја достигне максималната големина, и може да тежи и до 2 тона. Неговите јајца имаат од виолетова до црна боја, а најсветлите се најскапи. Кавијарот обично се служи на мало парче леб и не му се додаваат никакви зачини за подобрување на вкусот.

2. Шафран

(2)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mk

Шафранот е најскапиот зачин на светот и неговата цена може да достигне до 1.800 евра за половина килограм. Шафранот е цвет чии цветови мора рачно да се одвојуваат. Потребни се илјадници цветови за да се добие околу 30 грама шафран. Најчесто се користи за боење и за подобрување на вкусот на храната.

3. Бели тартуфи

(3)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mk

Тартуфите се најскапите печурки. Тие имаат арома која потсетува на пржени ореви која многу луѓе ја обожуваат. Белите тартуфи се најскапи од оваа група печурки. Најчесто ги сервираат на многу тенко исечени парчиња и се како украс на главното јадење. Често се ставаат во масло и се продаваат како масло од тартуфи.

4. Говедско месо Коби

(4)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mk

Ова месо се добива од посебен вид говеда кои се одгледуваат во Јапонија. Процесот на одгледување следи стара традиција и е голема тајна. Говедата ги хранат со пиво и житарици, па месото е навистина меко. Неговата цена може да достигне и до 260 евра за половина килограм. Исто така овие животни секојдневно ги масираат со цел да се подобри текстурата на месото.

5. Птичјо гнездо

(5)10-te-najskapi-i-najluksuzni-prehranbeni-proizvodi-kafepauza.mk

Гнездата за кои станува збор се на еден вид птици кои ја користат својата плунка за нивната изградба. Нивната плунка има хемикалија која го стврднува воздухот. Гнездата се деликатес во Кина и се еден од најскапите животински продукти. Најчесто се прави супа од нив, но може да се прават и слатки работи. Кога ќе се измеша со вода, тврдото гнездо добива текстура како на желе.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар