Кои мускули жените најмногу ги обожаваат кај мажите?

Да, повеќето жени обожаваат момци со „сикс пек“, но тоа не е единствениот дел од телото кое сакаат да го гледаат на плажа или во кревет. Иако секоја жена има свој вкус, ова се 5-те мускули на телото во кои тие генерално најмногу уживаат да гледаат.

Style: "RONALDO_AS_SHOT"

Сикс-пек

Оваа група мускули се на врвот на листите на повеќето жени. Изгледаат секси и не постои друго објаснување зошто е така. Жените повеќе сакаат да гледаат во машките стомаци одошто во бицепсите, иако мажите обрнуваат најмногу внимание на нив. Но, мора да се напомене дека ова сепак не важи за сите жени. Некои жени сакаат пивски стомаци и не се срамат да го признаат тоа.

Силни подлактници

Кога жена ќе види силна подлактница, потсвесно размислува за многу работи како тоа дека тој дечко би можел физички да се справи со крадец, да изгради куќа или да издржи долго во кревет бидејќи има на што да се потпре. Затоа момци, подигнете ги ракавите на кошулата.

Добар задник

Не сакаат млитави, виснати газови. Сакаат заоблени мускулести газиња кои ги предизвикуваат скоро исто како тегла Нутела или шопинг. А сакаат и да гледаат како задникот се стега додека водите љубов.

Обликувани рамења

Од поглед на прекрасни рамења им сопира здивот. Сликата е уште поцелосна кога се во комбинација со широк, развиен грб.

Мускулест грб

Поврзано со број 4, широкиот грб изгледа заштитнички и побудува чувство на сигурност. Иако листата на најсекси машки мускули повеќе или помалку може да се разликува од жена до жена, сепак секогаш една работа останува иста – сите жени сакаат да се чувствуваат сигурни и заштитени во прегратката на својот партнер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар