Видови луѓе кои имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати

Кои луѓе имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати?

Луѓето кои остануваат будни до подоцна најчесто покажуваат и антисоцјални карактерни особини како на пример, нарцизмот или психопатијата. Според неодамнешно истражување кое било објавено во журналот „Personality and Individual Differences“, а било спроведено од страна на Џонасон и неговите колеги, покажало дека макијавелизмот, нарцисизмот и психопатијата, соодветно наречени „Темната Тријада“, биле поврзани со доцното легнување.


Видови на луѓе кои имаат тенденција да бидат манипулативни и нарцистички психопати

 

„Оние кои постигнале висок резултат за карактерните особини на темната тријада, исто како и другите предатори во светот, како лавовите и скорпиите, се суштества на ноќта. Луѓето кои водат брза животна стратегија и се карактеризираат со темната тријада најчесто подобро функционираат во послабо осветлена околина каде што другите спијат и имаат намалено когнитивно функционирање“, објаснува Џонсон.

Заклучоците биле донесени врз основа на онлајн прашалник кој покрај тоа што ги мерел навиките за спиење кај 263 студенти, ги мерел и следниве карактерни особини:

  • Психопатија: Се карактеризира со намалена емпатија и антисоцијално однесување. Психопатите најчесто многу добро влијаат врз другите.
  • Нарцизам: Егоманијаци.
  • Макијавелизам: Тенденција да се манипулираат и да се експлоатираат другите без никакво чувство на моралност.

Џонасон продолжува:

„Изгледа постои некаков вид еволуциона поврзаност помеѓу измамниците и оние кои сакаат да ги откријат и казнат, па темната тријада можеби претставува еден вид специјализирана адаптација со цел да се избегне откривање. Карактеристиките на ноќта – послабо осветлена околина додека другите спијат е соодветна атмосфера за сите оние нешта со кои се поврзува темната тријада. Ако добро размислите, поголемиот дел од злосторствата и сексуалната активност се случуваат навечер.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар