Карактеристика што покажува дека вашето дете најверојатно ќе биде богата личност

Едно европско истражување открило дека децата кои имаат чести изливи на бес, имаат поголеми шанси да станат богати и да постигнат задоволителен успех во нивната кариера.

Карактеристика што покажува дека вашето дете најверојатно ќе биде богата личност

Во истражувањето биле земени предвид платите и образованието на луѓе кои оделе во училиште во Луксембург. Се покажало дека оние кои во младоста им се спротивставувале на родителите и авторитетите, почесто се запишувале во средно училиште и на факултет, а со тоа стекнувале и подобар успех на добро платени работни места.

Истражувањето на професорката Ангела Дакворт од Универзитетот Пенсилванија, ја потврдило оваа теорија. Според неа, децата кои во раната младост се категоризирани како своеглави и тешки, имаат поголема веројатност да бидат успешни во кариерата. Таа смета дека причината за ова е тоа што овие деца се истрајни и насочени кон остварување на зацртаните цели.

Многу родители се прашуваат дали викањето и хистеричното плачење се нормален и природен дел од развојот, а многу психолози сметаат дека се.

Имено, децата често не можат со зборови да ги искажат нивните емоции. Па лошото однесување е еден начин на изразување и справување со чувствата кои се обидуваат да ги разберат или да ги променат. Па, кога следниот пат вашето дете ќе полуди бидејќи не му давате нешто, можете да се тешите со идејата дека еден ден можеби ќе стане директор или доктор.

Погледнете кои се најважните нешта што ги прават родителите на успешните деца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар