Каков е вашиот стил на креативно изразување? - Part 7

Каков е вашиот стил на креативно изразување?

6. Физички

6-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mkВие се изразувате во физички облик. Вие сте личност која презема одговорност и заинтересирани сте за развој. Вашиот креативен стил на изразување може да биде начинот на кој се грижите и го трансформирате своето тело, вашата музика или бенд, вашиот дом и вибрациите кои тој ги испраќа, а луѓето ги чувствуваат. Луѓето кои се изразуваат физички обично сакаат да му ги покажат на светот физичките работи кои ги постигнале. Такви се нивното тело, скулптурите кои ги изработиле, специфичните домашни миленичиња, совршениот дом или облеката која посебно ја избираат секој ден.

Имате тенденција да работите на проекти сами, во својата продавница, работилница или во лична теретана. Сакате да постигнувате совршенство во сѐ, но што е всушност совршенство? Тоа е илузија. Како тренер во теретана би ги терале своите ученици да поминуваат часови за да ги постигнат вистинските спортски способности. Може да ве поистоветуваат со Мерил Стрип во филмот „Ѓаволот носи Прада“ или со некој строг наредник или страшен личен тренер. Вашето креативно изразување е точност и целокупниот перформанс.

Заради својата несигурност, попрво би ја чувале својата креативност за себе, бидејќи ако не сте ја довеле својата идеја до совршенство, не можете да му ја покажете на светот. Опуштете се. Уметноста треба да содржи грешки. Тоа е половина од забавата. Мора да доживеете повеќе од самата трка до целта, златниот медал или платинестиот тираж на својот музички албум. Додадете повеќе душа во сѐ што правите. Слободната душа е убава душа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар