Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

Сакате да стекнете доверба кај сите и да имате среќа каде и да одите? Науката вели дека миризбата може да ви помогне во оваа цел. Постојат многу истражувања кои покажуваат дека различни миризби создаваат силни емотивни реакции, па токму затоа се користат во продавниците, хотелите и рестораните со цел да се привлечат потрошувачи.

Како со помош на одредени миризби можете да добиете сè што ќе посакате?

Иако науката вели дека мирисот има силно влијание врз нашето расположение, вие можете да го искористите со цел да влијаете и врз расположението на другите. Погледнете како…

Ако сакате да стекнете нечија доверба, одберете мирис на лаванда

Понекогаш навистина многу тешко можете да се здобиете со нечија доверба, па токму затоа доколку носите на себе мирис на лаванда, со тоа можете малку да си ја олесните ситуацијата. Според истражувањата, луѓето кои мирисаат на лаванда многу брзо се здобиваат со довербата на оние околу нив.

Ако сакате успешно да флертувате, одберете мирис на пита од тиква и лаванда

Можеби оваа комбинација ви звучи како нешто извлечено од бајките, но овој мирис навистина многу ветува. Според истражувачите, тој го зголемува протокот на крвта во одредени делови од телото, како на пример, во пенисот кај мажите, па токму затоа може да ви помогне побрзо да ги привлечете и освоите.

Ако сакате подобро да се согласувате со шефот, одберете цветен мирис

Науката вели дека цветните миризби влијаат позитивно при создавање социјално интерактивно окружување.

Ако сакате да делувате свежо и чисто, користете мирис на лимон

Изгледа дека во последно време луѓето имаат сè повеќе причини да не се тушираат секојдневно, вклучувајќи ги и иритацијата и сушењето на кожата кои оваа навика ги предизвикува. Токму затоа доколку сакате подолго време да мирисате свежо, во вашиот шампон за суво миење на косата додајте малку лимонов сок.

Ако сакате да одржите мир, користете комбинација од природни билки како лилјан, јасмин, ружа, ирис и божур

Оваа комбинација го подобрува чувството на смиреност, будност и позитивно расположение.

Ако сакате вашите колеги да обрнат повеќе внимание на вашата презентација, користете комбинација од портокал, лаванда, кафе и сладок десерт

Знаејќи дека има кафе во нивна близина, тоа ќе го разбуди нивниот ум и ќе ги убеди луѓето да ви обрнат повеќе внимание. Студиите исто така покажале дека присуството на портокал, лаванда, кафе и сладок десерт го зголемува визуелното внимание и забележување кај луѓето.

Ако сакате опуштена атмосфера во домот, користете мирис на ванила

Следен пат кога ќе се соберете со вашето семејство, запалете миризлива свеќа од ванила или ставете парфем со ванила. Студиите ни покажуваат дека доволно е само мала миризба на ванила за да се зголеми радоста и опуштеноста во просторијата. Таа има позитивен, нестимулативен и опуштачки ефект врз луѓето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар