Како се смеете и што открива тоа за вашиот карактер?

Можете да се насмевнете, да се смеете до солзи или постепено да го покачувате звукот на смеата. Научниците се сложуваат дека смеењето се јавува инстинктивно, веќе неколку дена после раѓањето. А, кога ќе пораснеме, со различни видови смеа изразуваме различни видови чувства. Усните се рашируваат и остануваат во таа положба приближно околу 7 секунди. Тоа е просечното време на една насмевка. Движењето на усните се надоврзува со брзо спуштање на очните капаци, што на невербален јазик значи мирољубивост.
1-dali-znaevte-deka-smeata-ja-otkriva-nashata-lichnost-shto-vashiot-nachin-na-smeenje-otkriva-za-vas-www.kafepauza.mk_
Изразите на лицето, траењето и начинот на смеење откриваат длабоки чувства. Но, некои личности се смеат така што испуштаат глас А, а други Е. Која е причината за тоа? И зошто некој може да се насмее на секоја бесмислица, додека други се смеат на шеги со сексуална подлога? Група истражувачи ја проучувале врската помеѓу карактерот и однесувањето и откриле четири основни начини за смеење:

Смеење со извикување на гласот „А“

Некои психолози сметаат дека личностите кои се весели и екстровертни при смеење го испуштаат гласот „А“. Тие се чувствителни и отворени личности, но знаат да бидат и агресивни, оптимистични, немирни, способни и активни. Смислата за хумор ја користат за да ја прикријат својата сексуалност и агресивност.

Смеење со извикување на гласовите „Е“ и „И“

Ваквата смеа звучи лажно. Типична е за затворените личности, кои не знаат да ги изразуваат своите чувства, ниту да покажат радост. Премногу се контролираат, не знаат да се опуштат, пасивни се, пресметани и ги интересираат само интелектуални и филозофски разговори. Така се смеат и многу чувствителните, затворени личности. Кој се смее испуштајќи ги гласовите „Е“ или „И“ е изразен песимист и треба да ја развива својата смисла за хумор.

2-dali-znaevte-deka-smeata-ja-otkriva-nashata-lichnost-shto-vashiot-nachin-na-smeenje-otkriva-za-vas-www.kafepauza.mk_

Смеење со извикување на гласот „У“

Некои психолози сметаат дека гласот „У“ го испуштаат личностите со младешки дух, а други сметаат дека таквата насмевка воопшто не е смеа. Звукот се создава длабоко во грлото и повеќе делува како потсмев отколку знак на радост.

Смеење со извикување на гласот „О“

Личностите кои така се смеат изразуваат егоцентризам. Најверојатно се екстровертни, но многу добро се контролираат, друштвени се, сигурни во себе и независни. Ги смеат бесмислици, подеднакво како и мрсните шеги. Зачетници се на шеги и досетки и во секој момент пронаоѓаат некоја причина за смеа. Сакаат шеговити натпреварувања со пријателите кои ќе ги расположи сите, а никој нема да го посрамотат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар