Како јагодите, боровинките и црвеното вино можат да го подобрат вашиот сексуален живот?

Мажите кои консумираат храна богата со флавоноиди имаат значително помал ризик од соочување со неуспех во креветот. Според едно ново истражување кое било објавено во „American Journal of Clinical Nutritiony“, мажите кои јадат ваква храна имаат помал ризик од еректилна дисфункција дури и од оние кои редовно вежбаат.

Како јагодите, боровинките и црвеното вино можат да го подобрат вашиот сексуален живот?

Во оваа студија учествувале 25.000 мажи, каде што биле анализирани податоци од 1986 до 2016 година. Околу 36% од испитаниците за време на оваа студија навеле дека имаат проблем при постигнувањето ерекција. Истражувачите откриле дека помеѓу групите со најголема и најмала количина флавоноиди во исхраната имало и до 11% помала застапеност на овој проблем.

Позитивното дејство било најизразено кога мажите консумирале храна од следниве три видови флавоноиди: антоцијанин, флавоним и флаваноним. Овие состојки можете во најголеми количини да ги најдете во јагодите, боровинките, црвеното вино, јаболката, крушите и сите видови цитруси.

Според водечкиот автор на оваа студија, Един Касиди, потребно е да внесувате неколку порции од овие производи во текот на една недела. Нивното благотворно дејство на сексуалниот живот дополнително се зголемува со физичката активност, која успешно го движи протокот на крвта ширум целиот организам.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар