Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Актерите кои ги глумат нашите омилени хорор ликови ни будат страв кога ги гледаме во филмовите, но во вистински живот тие не се ништо поразлични од обичните луѓе кои ги среќаваме секојдневно. Сигурно сте се запрашале како навистина изгледаат Самара, Фреди Кругер и останатите виновници за вашите кошмари! Во продолжение погледнете како изгледаат филмските ѕвезди од најпознатите хорор филмови во реалноста…

Дејви Чејс – Самара од „Прстенот“ (The Ring)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Иако Дејви Чејс има само 26 години, таа веќе има глумено во некои легендарни филмови и ТВ серии како што се „Дони Дарко“ (Donnie Darko), „Волшебнички“ (Charmed) и „Ургентен центар“ (ER). Но, ние секогаш ќе ја паметиме како девојчето од „Прстенот“ кое ни втера страв во коски кога почна да излегува од телевизорот.

Ари Леман – Џејсон Вурхес од „Петок 13-ти“ (Friday The 13th)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Многу актери ја играа улогата на Џејсон Вурхес, но Ари Леман беше првиот. Тој го глумеше младиот Вурхес. Кога Ари дошол на аудиција за „Петок 13-ти“, веднаш ја добил улогата со зборовите „Ги исполнуваш потребните мерки, ќе те земеме“. Момчето имало само 15 години и било 180 сантиметри високо.

Роберт Ингланд – Фреди Кругер од „Кошмар на улицата на брестовите“ (A Nightmare on Elm Street)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Улогата на серискиот убиец Фреди Кругер е најзначајната во кариерата на Роберт Ингланд. Кој може да ја заборави морничавата песничка со зборовите „Еден, два, Фреди доаѓа“?! Тој е единствениот актер во историјата кој го играл главниот лик во 8 хорор филмови по ред. Актерот сѐ уште активно глуми, најчесто во хорор филмови.

Бони Аронс – Валак од „Повикување на злото 2 “ (The Conjuring 2)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Благодарение на нејзиниот впечатлив изглед, Бони Аронс добива многу различни улоги. Таа има глумено и во комедии и во хорор филмови. Улогата на демонот Валак ѝ донесе исклучителна слава. Обожавателите на Валак тврдат дека шминката во овој филм е на врвно ниво.

Тим Кари – Пенивајз од „Тоа“ (It)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Кловнот од филмот „Тоа“, кој се заснова на ликот од истоимениот роман на Стивен Кинг, сѐ уште предизвикува кошмари кај децата, па и кај возрасните. Улогата беше одиграна од страна на добро познатиот Тим Кари, глумец, пејач и композитор. Пред неколку години, Тим беше нападнат од болест поради која заврши во инвалидска количка. И покрај тоа, тој активно продолжи да компонира музика.

Тобин Бел – Џон Крејмер од „Пила“ (Saw)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Тобин Бел стана познат по неговата улога како генијалниот психопат Џон Крејмер. Покрај многуте делови од филмскиот серијал „Пила“, тој исто така има глумено во повеќе популарни ТВ серии како што се „Досија Икс“ (The X-Files), „Ургентен центар“ (ER) и „Вокер, тексашкиот ренџер“ (Walker, Texas Ranger).

Ворвик Дејвис – Леприконот од „Леприкон“ (Leprechaun)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Ворвик Дејвис е еден од најпознатите холивудски актери со џуџест раст. Тој е висок 107 центиметри. Поради неговиот впечатлив изглед и неверојатен тален, Ворвик има одиграно многу значајни улоги и има глумено во филмовите „Хари Потер“, „Војна на ѕвездите“ и други.

Ник Касл – Мајкл Маерс од „Ноќ на вештерките“ (Halloween)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Ник Касл бил еден од првите глумци кои ја добиле улогата на Мајкл Маерс и неговиот начин на глумење му донесе голема слава. Веќе некое време Ник не се занимава со глума, но прави свои филмови и пишува филмски сценарија.

Даг Бредли – Пинхед од „Господар на пеколот“ (Hellraiser)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Даглас Бредли е вториот актер покрај Роберт Ингланд кој ја има играно истата улога во 8 хорор филмови. Овој глумец се обиде да се оттргне од неговата улога и да глуми во други филмови, но Пинхед сепак остана најпрепознатливата улога во неговата кариера. Обожавателите на „Господар на пеколот“ тврдат дека не можат да си замислат друг актер во оваа улога.

Ендрју Бриниарски – Ледрфејс од „Тексашки масакр со моторна пила“ (The Texas Chainsaw Massacre)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Ендрју Бриниарски е еден од 7-те актери кои ја имаат играно улогата на психопатот познат како Ледрфејс. Денес, Ендрју глуми во ТВ серии и се занимава со бодибилдинг.

Џек Николсон – Џек Торенс од „Сјаење“ (The Shining)

Како изгледаат филмските ѕвезди од хорор филмовите во вистински живот?

Според гласините, Роберт Де Ниро и Робин Вилијамс тврделе дека тие би можеле одлично да ја одиграат улогата на Џек Торенс од легендарниот филм „Сјаење“. Меѓутоа, Стенли Кјубрик во сите интервјуа има изјавено дека уште од самиот почеток си го замислувал незаменливиот Џек Николсон во оваа улога. Години подоцна, не можеме а да не се согласиме со него!

Доколку се сметате за љубители на хорор жанрот, ние ви ги препорачуваме овие 6 европски хорор филмови кои можат да ве вознемират.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар