Како да го „избркате“ сопругот во 15 лесни чекори: Сигурен начин жената да остане напуштена и сама!

Доколку сакате да останете сами до крајот на животот, ова е дефинитивно вистинскиот „рецепт“.

Како да го „избркате“ сопругот во 15 лесни чекори: Сигурен начин жената да остане напуштена и сама!

Разочаран од денешните врски и целосно искривениот концепт на љубовта, писателот Рајмонд Бечард иронично им дава на жените „рецепт“ за тоа како да останат без својот партнер во 15 лесни чекори.

1. Што ви е гајле што е тоа емоционална интимност?

Па што ако психолозите велат дека емоционалната блискост е чувство на припадност и длабока поврзаност, стекнато преку поделени искуства…Бла,Бла! Не трошете време на човекот на кој можете да му верувате и со кого можете да бидете она што сте. Никако немојте да посакувате такво нешто!

2. Ни случајно немојте да го почитувате сопругот

Дури и ако тој заслужува почит, никако не смеете да покажете почит кон него. Не слушајте го и не размислувајте за неговите проблеми и приоритети. Направете сè за тој да се чувствува како „вишок“ во вашиот живот. Од друга страна, ако тој навистина не заслужува почит, заминете си. Ако тој не ве почитува, тој не ве ни заслужува. Во секој случај – заминете си.

3. Немајте никакви симпатии кон него

Секако дека го сакате, но дали ви се допаѓа? Ако сакате да го направите несреќен, постојано посочувајте му на сè што ве нервира кај него.

4. Жалете се на сè што прави

Дајте му до знаење дека сте сведок на сите негови грешки, нагласувајте ги сите негови грешки. Дури и ситниците. Кажете им на сите ваши пријатели дека тој е губитник.

5. Осудувајте го што е можно почесто

Критикувајте го постојано. Ако нема причина за критика, извртете некој факт и тргнете во акција. Дадете сè од себе за да предизвикате одбранбена реакција кај мажот. Запомнете – секој нов ден е нова можност да пронајдете уште една маана.

6. Не верувајте му

Дури и ако ја докаже својата чесност и посветеност, вие немојте да му верувате.

7. Постојано обвинувајте го за нешто

Ако се разделите, обвинете го него. Ако поранешниот партнер бил лош со вас, обвинете го сегашниот. Ако вашите деца не се послушни, повторно обвинете го него. Целиот ваш гнев, разочарувања, стравови и несигурности препишете му ги нему. И ако ви се случи нешто лошо казнете го.

8. Бидете постојано лути

Тој е маж, мора нешто да не направил како што треба. Дури и ако не знаете што, нешто сигурно има и слободно бидете лути. Тој сигурно заслужил и повеќе. Затоа, поштедете се себеси од чекање тој да направи грешка, налутете се веднаш. И, не престанувајте да се лутите, бидејќи грешките сигурно нема да престанат. Тој е сепак маж.

9. Немојте да му бидете потпора во животот

Објаснете му дека нема да одговарате на неговите телефонски повици кога и да сте му потребни, колку и да сте му потребни. Дајте му до знаење дека тој никогаш не може да се потпре на вас.  Ако вие сте личноста со која сака да ја сподели и среќата и тагата, покажете незаинтересираност.

10. Не прифаќајте ја неговата помош

Што и да ви се случи, не дозволувајте тој да ви помогне. Колку и да боли, вие можете да ја надминете болката сами, макар и со години да страдате.

11. Не ги признавајте ги своите грешки, не правете компромиси

Никогаш не се извинувајте. Никогаш не признавајте дека со нешто сте го повредиле. Однесувајте се како тоа да не може да се случи.

12. Не сфаќајте го сериозно

Вие сте единствена која има право на емоции, проблеми и главоболки. Ако тој покаже нешто од горенаведеното, тогаш тој не е вистински маж. Немате вие време за неговите проблеми!

13. Не поддржувајте го

Препуштете го на судбината, сам и изолиран. Тој е маж, мора сам да се избори со сите несреќи. Каков е тој маж кому му е потребна помош од жена? Ако постојано му треба одредена пооддршка, доверба и вистински пријател, тој не вреди за вас!

14. Немојте да му простувате

Порано или подоцна, сигурно ќе направи грешка која не се поправа. Кога и да направи грешка, потсетете го на сите претходни, малку надградете ги и зголемете ги ако сте сигурни дека тој има лошо памтење. Кажете му ги сите оние неубави работи кои сте заборавиле да му ги кажете претходно. Ако постојано го потсетувате дека е лош, тој сигурно ќе се подобри!

15. Никако немојте ништо да промените кај себе

Ако добро ги следевте претходните 14 правила, сега е време да ја прекинете вашата врска или брак. Оставете сè во минатото. Само отворено навредувајте го и правете го тоа секогаш кога ќе имате прилика. Најдете друг партнер и повторете го истото!

Забелешка (доколку не ја забележавте иронијата): Ако навистина сакате среќна врска или брак, правете спротивно од горенаведеното! Пронајдете човек кој  ќе ви го разубавува секој ден, исто како и вие нему!

Можеби сакате да ги прочитате и 9-те неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар