Како да ги пребродите животните предизвици? 5 ситуации кои нѐ спречуваат да бидеме среќни

Понекогаш ние самите, преку нашите лоши избори и навики, сме виновни за фактот што среќата сѐ уште не затропала на нашата врата. Неретко се соочуваме со ситуации кои се наоѓаат помеѓу нас и успехот и претставуваат пречка на патот кон нашиот личен напредок. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете ваквите ситуации и да поработите на нивното решавање.

Како да ги пребродите животните предизвици: 5 ситуации кои нѐ спречуваат да бидеме среќни

1. Никогаш не застанувате да одморите

Дали во текот на денот практикувате да седнете во тишина, фокусирајќи се само на дишењето, барем 15-тина минути? Веројатно не. Малку мир и спокојство можат значително да ги намалат анксиозноста и нервозата и да го подобрат вашиот имунитет, сонот, како и да ги намалат сите негативни емоции и мисли кои ги предизвикува стресот. Побарајте некои лесни техники за медитација и вежби за дишење и направете му услуга на организмот.

2. Го правите тоа што не го сакате

Кога го правите тоа што не ви се допаѓа, секој ден е исполнет со чувства на апатија, мрзливост, недоволно вреднување на вашите способности и лоша инспирација. Ако на сето тоа ги додадете и обврските и задачите, тогаш настапува стресот и тоа во големи количини. Зошто ви е на крајот платата, ако се разболите? Доколку не можете во целост да се занимавате со она што го сакате, тогаш правете ги само оние работи кои ви одговараат и кои можете добро да ги поднесете.

3. Вие сте преголем перфекционист

Да се стремите кон совршенството и не е толку лошо, но ако не го користите својот перфекционизам на правилниот начин, тогаш можете да се најдете во безброј дилеми и ноќи без спиење. Сигурно веќе знаете како е да не ви се исполнат плановите, иако вредно сте работеле и сте се труделе сѐ да биде во најдобар ред. Престанете да се грижите. Не е важно како сѐ изгледа на крајот, важно е како сте се снашле во ситуацијата. Ќе бидете многу посреќни ако почнете поопуштено да гледате на таквите моменти.

4. Не создавате, туку само консумирате

Ако се чувствувате неисполнето, тогаш причината за тоа е веројатно вашето мало ангажирање да створите нешто. Креацијата и создавањето се суштински компоненти на еден среќен, исполнет и смислен живот. Стилот кој денес се наметнува не остава многу енергија и време за активен живот, меѓутоа ваша е одлуката како ќе ви изгледа животот. Креацијата не мора да биде спектакуларна, но важно е секојдневно да ја создавате.

5. Го поминувате целиот ден во затворени простории

Постојат многу позитивни страни во престојувањето на отворено, како физички, така и психички. Испланирајте барем еден ден во неделата кој ќе го поминете во прошетка во паркот или подолго пешачење. Истражувањата покажуваат дека со поминувањето време на отворено, вашата самодоверба и способноста за комуникација со другите значително растат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар