Како да бидете расположени и среќни без особена причина?

Како да бидете расположени и среќни без особена причина?

Дали можете да бидете среќни од чиста мира? Среќни затоа што дишете, затоа што живеете, расположени затоа што сте се разбудиле или затоа што токму во моментов го пиете вашето утринско кафе?

Голем број луѓе ја врзуваат среќата со некаква посебна форма. Нешто треба да биде некако за да бидеме среќни. Или ние мораме да бидеме некакви, поспособни, поубави, послаби, попаметни, покомуникативни, попродуктивно, или средината околу нас мора да биде некаква… И секогаш среќата ја бараме токму таму некаде. Колку пати самите сте си кажале: „Уште ова да се смени и тогаш ќе можам да бидам среќен/среќна“? Но, и кога тоа ќе се оствари, многу брзо се појавува нешто ново кое сакаме да го направиме и кое мислиме дека ќе нè исполни. И така ни поминува целиот живот. А каде е радоста? Каде е чувството на задоволство? Каде да ја бараме смислата?

Како да бидете расположени и среќни без особена причина?

Можеби токму таму каде најмалку сте очекувале. Токму пред вашиот нос. Всушност не ви е ни пред нос, туку уште поблиску. Во вас самите.

Сè она што се наоѓа надвор од нас е потполно неутрално и само по себе не е никаков извор на среќа и радост. Но, оние кои го доживуваат тоа што го имаат во себе, можат да му дадат значење и на тоа „нешто“ надвор од нив. Тоа значи дека животот се одвива од внатрешноста спрема надворешноста. Со тоа што ние ги забележуваме сите нешта што нè опкружуваат и им даваме значење, ние ја креираме стварноста. Нашата радост, тага, среќа и несреќа.

Она што го дефинираме како „добро“, нè прави среќни, а она што го дефинираме како „лошо“ – несреќни. Меѓутоа ништо не е само по себе добро или лошо. Сè зависи од нашиот поглед кон работите.

Сигурно се сеќавате кога некоја „лоша“ ситуација ве направила несреќни, а по некое време сте станале благодарни поради искуството и сте биле среќни што се случило тоа. И тоа повторно ни докажува дека сè зависи од нашата перцепција.

Како да бидете расположени и среќни без особена причина?

Дали можете да поверувате дека сè е совршено токму онакво какво што е? Ако нешто сметате за „добро“, веќе сте среќни поради тоа. Ако е „лошо“, знајте дека тоа е до вашата моментална перцепција. Кога ќе го промените вашето гледиште и начинот на размислување и доживување на нештата, ќе видите како се менува и вашето внатрешно чувство. Кога ги менуваме нашите внатрешни гледишта, растеме и созреваме. Учиме да стекнеме нов поглед кон светот и животот и така расте нашата свест. Така стануваме послободни и порадосни. Во тој момент и некоја „лоша“ ситуација може да стане инспиративна и да го поттикне нашиот личен развој.

Кога ќе сфатите дека не постојат „добри“ и „лоши“ ситуации, туку дека станува збор за вашето моментално доживување на работите кој може да се промени, ќе станете слободни.

Задоволството лежи во самото животно патување. Ништо не е константно. Сè е минливо и ништо нема да можете да задржите засекогаш. Ако се врзете за некоја форма на среќа, таа кога – тогаш ќе исчезне. Суштината е да си играте со нејзината форма, а не да се врзувате за неа. Треба длабоко да се поврзете со самиот извор на живот, со самата есенција на вашето постоење. Треба длабоко да се поврзете со она што самото по себе нема форма, а може да се манифестира во сите форми.

Како да бидете расположени и среќни без особена причина?

Самата суштина на патувањето низ животот е да ги доживувате сите тие форми и да го развивате духот низ нив. Дали би биле посреќни кога би добиле на лото или кога некој би ви дал чаша свежа вода кога сте навистина жедни?

Од прва, повеќето би одговориле дека би биле посреќни кога би добиле на лото, затоа што вода имаат и онака. Меѓутоа ако добиете на лото, а никогаш повеќе не би можеле да се напиете вода, што би било поважно? Многу работи ги земаме здраво за готово и сонуваме за други „големи“ нешта кои во реалноста не се навистина толку многу важни.

Погледнете околу себе! Постојат толку многу прекрасни нешта поради кои можете да бидете радосни, среќни и расположени во секој момент од вашиот живот. Сменете го вашиот поглед кон работите и манипулирајте со формата на вашата среќа. Веднаш ќе пронајдете милион причини поради кои би можеле да бидете среќни и ќе почнете да го извлекувате позитивното од секоја лоша ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар