Италијански народни мудрости: Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас

Италијанците знаат што е навистина важно во животот. Тие се познати по поговорките, а во продолжение прочитајте некои од најинтересните.

Италијански народни мудрости: Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас

„Оној што е роден како магаре, нема да умре како коњ.“

„Постојат два начини да се расправате со жена. Ниту еден од нив не функционира.“

„Подобро да живеете еден ден како лав отколку сто години како овца.“

„Тој што се познава себеси, го познава целиот свет.“

„Не е доволно да знаете како да заработите пари, треба да знаете и како да ги потрошите.“

„Ништо не е невозможно ако го сакате тоа.“

„Не судете им на луѓето според она што светот го кажува за нив.“

„Ако лажете, бидете кратки.“

„Одвреме-навреме сослушајте некоја будала – може да научите нешто вредно. Но, никогаш не расправајте се со нив.“

„Непријателот е најопасен кога изгледа поразено.“

„Одмаздата е јадење што се сервира ладно.“

„Ако сакате луѓето да ве ценат – умрете.“

„Никој не сака да биде сам, дури ни во рајот.“

„Сè е дадено од Бог – освен жената.“

„Љубовта, пожарот и кашлицата не можат да се скријат од луѓето.“

„Не допирајте го проблемот сè додека проблемот не ве допре вас.“

„Бог сака да зборува со оние што молчат.“

„Годините го менуваат човекот повеќе од книгите.“

„Никој не може да ви го одземе она што Бог го наменил за вас.“

Прочитајте ги овие 16 моќни шпански поговорки што секој треба да ги прочита.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар