Италија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!

Дали некогаш сте виделе фонтана и сте помислиле: „Многу би било покорисно да течеше вино наместо вода“? Љубителите на виното сигурно го помислиле тоа повеќе пати. За среќа, постојат луѓе кои навистина ги остваруваат соништата.

Италија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!

Имено, на 9-ти октомври во Абруцо, Италија се отвори фонтана од која тече домашно вино по цел ден, секој ден. Звучи премногу добро за да биде вистинито? Подгответе се за следново: За да се напиете од Фонтаната на виното или на италијански Fontana del Vino треба да платите исто толку колку што плаќате за да ја користите обичната здодевна фонтана со вода. Бесплатно е!

Најдобрата фонтана на светот се наоѓа на познатиот пат по кој верниците одат на аџилак, Камино ди Сан Томасо (Cammino di San Tommaso) во гратчето Калдари ди Ортона. Камино ди Сан Томасо е патот од Рим до катедралата каде се наоѓаат моштите на еден од апостолите на Исус, Свети Тома.

Оваа винска фонтана на радоста е инспирирана од една слична фонтана во Шпанија која се вика Камино де Сантијаго.

Италија го исполни сонот на љубителите на виното: Фонтана од која тече вино наместо вода!

Пред да почнете да барате авионски карти за да отпатувате на ова место, винаријата Дора Саркезе што ја поставила фонтаната сака да знаете неколку работи. Прво и основно “Винската фонтана е добредојде, винската фонтана е поезија“, како што пишува на нивната Фејсбук страница. Второ, фонтаната не е наменете за пијаници и насилници. Трето, не се работи за измама со цел да добијат популарност. Фонтаната се наоѓа во огромно буре и сѐ што треба да направите за да го вкусите виното е да притиснете едно копче.

Па, што чекате? Организирајте незаборавно патување, истражете ја Италија и пробајте го нивното најдобро вино!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар