Истражување открило дека самотијата зависи од вашата искреност

Повеќето луѓе можат да имаат околу 50 пријатели. Ова се личностите кои најверојатно би ги поканиле на лични настани, како на пример, на венчавка. Но немојте да се разочарувате доколку не можете да најдете толку пријатели за да го прославите вашиот роденден. Имено, ова не значи дека нешто е погрешно со вас, туку значи дека вие сте личност со високи морали.

Истражување открило дека самотијата зависи од вашата искреност

Доколку се сметате за личност со високи морални вредности, голема е веројатноста да бидете социјално непопуларни. Научниците од Универзитетот во Вашингтон откриле дека луѓето фокусирани на моралот поретко имаат смисла за хумор, па поради ова другите не ги сакаат многу.

За да го докажат ова, истражувачите спровеле 4 експерименти. Во првиот и вториот експеримент, тие откриле дека доблесните луѓе не кажувале и не ги ценеле шегите што се против нивните вредности. Причината е што овие луѓе се сомневаат во нивната етика кога се смеат на „непристоен“ хумор. Ова докажува дека моралот ја намалува смислата за хумор.

Но сите знаеме дека имањето хумористична страна има свои придобивки. Луѓето со смисла за хумор се поинтелигентни, позабавни и пријателски настроени. Некои експерти веруваат дека ова е лепилото за пријателството. Покрај тоа, ова може да го предвиди и успехот на вашите врски.

Во другите експерименти, истражувачите собрале податоци за моралниот идентитет на 70 вработени. Потоа соработниците ја оценувале смислата за хумор на своите колеги и покажувале колку им се допаѓале, како и колку биле популарни помеѓу другите во канцеларијата. Резултатите потврдиле дека вработените со висок морал биле помалку популарни и се сметале за личности без смисла за хумор.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека страдате од хронична осаменост.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар