Искрени приказни кои покажуваат дека љубовта доаѓа во секоја форма

Љубовта е нешто што нè одржува кога ни е најтешко и постои во многу форми. Понекогаш љубов е да испратите букет цвеќе, а понекогаш е и предупредување. Можеби не секогаш ги разбираме луѓето што нè сакаат, но знаеме дека секогаш се овде за вас. Прочитајте ги овие неверојатни вистински приказни кои ќе ви докажат дека љубовта ја има насекаде.

Искрени приказни кои покажуваат дека љубовта доаѓа во секоја форма

„Се каравме со сопругот и му реков да си замине. Ми рече дека ќе си оди и почна да се пакува, но неговите панталони се переа. Носеше капа, палто и долна облека. Му реков дека панталоните ќе му бидат влажни, а тој ме праша зошто ми било грижа. Но, изгледаше толку смешно што почнав да се смеам и се смиривме.“

„Моето момче работи како забавувач за деца и носи костим на мечка. Мечката изгледа исто како една мечка од моето детство. Па, кога се чувствувам лошо или кога треба да разговарам со некого, тој го облекува костимот и ме слуша. По 30 минути плачење се чувствувам преродена.“

„Еднаш се возев во автобус и погледнувајќи кон покривот видов светлина која се рефлектираше од мојот телефон. Видов уште една светлина до мојата. Почнав да ја мрдам мојата, а другата ја бркаше. Кога застана автобусот и кога сакав да излегувам, некој ме прегрна и ми рече: Те фатив! Вака го запознав сопругот.“

„Татко ми ја запросил мајка ми во многу интересен момент. Веќе биле заедно, а тој ја учел да вози. Но нешто тргнало наопаку, па татко ми ја запросил мајка ми додека автомобилот тонел во река. За среќа, реката била плитка и излегле неповредени. Се венчале еден месец подоцна.“

„На враќање од работа одлучив да исчистам дома пред да се врати сопругот. Но кога си дојдов веднаш заспав. Се разбудив вечерта и куќата беше чиста, вечерата подготвена, а сопругот заспан. Мојата 14-годишна ќерка ми оставила порака на која пишуваше дека средила сè и дека отишла на гости кај пријателка ѝ.“

„Се вљубив во професор. Без полудена по него. Ги слушав сите негови предавања, ги завршував сите задачи и му поставував прашања. Не се венчав со него, но станав вистински професионалец и имам многу кул работа.“

„Се сокрив под креветот додека девојка ми се тушираше. Кога излезе, виде дека нема никој во собата и се скри во гардероберот за да ме исплаши. Ние сме совршен пар.“

„Еднаш му кажав на син ми дека отсекогаш сум сакала да одам во Дизниленд. Му покажав и видео од Јутјуб. Денес, на нашата 30-годишнина, мојот сопруг и син ми ми дадоа влезници за паркот. Син ми запомнил и уште тогаш почнал да собира пари.“

„Името на мојот сопруг е Џек. Тој работи за голем тим и често се враќа дома гневен. За да му го намалам стресот, го легнувам на креветот, му давам сладолед и му кажувам измислени приказни за ‘Паметниот Џек што ги казнил лошите момчиња’. Кога ќе направи нешто глупаво му раскажувам за ‘Смотаниот Џек што поправа сè’. Секогаш си легнува со насмевка на лицето.“

„Татко ми е воено лице и секогаш е многу воздржан. Дома се расправаме на шега, но никогаш не ме прегрнува, никогаш не ми покажува љубов. Бев тажна за ова. Пред некое време ме напушти едно момче. Си дојдов дома и татко ми ме праша зошто толку рано. Кога дојде до мене веќе плачев. Тогаш татко ми ме прегрна и ми кажа дека сум најдобрата ќерка, дека ме сака најмногу и дека никој не ги заслужува моите солзи. Тоа ми беше најубавото раскинување во животот.“

„Пред 16 години кога имавме по 6 години си игравме венчавка. Денес навистина ќе се венчаме.“

„Му кажував на момчето како се борев со пингвин во зоолошката. Тој почна да се смее, клекна на земја и ме запроси со крофна велејќи ми дека сака да правиме луди работи заедно до крајот на нашите животи.“

„Мајка ми и татко ми немале многу пари кога се венчале и жал им е што не правеле свадба. Но, оваа есен им подготвувам вистинска церемонија.“

„За да ме изненади, моето момче научило да прави палачинки и да ги превртува во воздух. Дамките од масло на таванот ми кажуваат дека не му било лесно.“

„Мојата пријателка отсекогаш била убава. Се грижеше за нејзиниот изглед како холивудска ѕвезда и ми велеше дека само патолозите би се интересирале за она што е внатре. И се случи токму тоа. Таа е во среќен брак со патолог.“

„Мојот сопруг има големо стомаче. Никогаш не се расправа со мене бидејќи тогаш ќе нема кој да му ги заврзе патиките.“

„Јас сум маж, имам брада, мотор, сакам метал музика и имам многу искуство со алкохол. Исто така свирев бас гитара во неколку бендови и направив многу работи на коишто не сум горд. Но, сега моето семејство и мојот дом ми се најважни. Сакам да готвам, особено да печам колачиња и слично. Тешко ми е да опишам што чувствувам кога моите деца (4 и 2 години) ја јадат мојата храна и велат дека е вкусна.“

„Имам 25 години и некое време живеам и работам во странство. Но, секогаш кога ќе ѝ се јавам на мајка ми, таа ми вели: Кажи душо? Тогаш исчезнуваат сите мои проблеми.“

Прочитајте ги и овие кратки вистински приказни за моќта на љубовта.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар