Искрени креативци: 10 занимливости за личностите родени во октомври

Искрени креативци: 10 занимливости за личностите родени во октомври

Личностите родени во октомври се многу романтични, но и многу одговорни деловни луѓе. Ако имате ваква личност покрај вас, тогаш сигурно знаете дека тие се навистина посебни. За подобро да ги запознаете, прочитајте ги следниве факти за нив…

1. Тие обожаваат спорт

Како и личностите родени во септември, така и оние родени во октомври се големи спортисти. Имено, што повеќе е мајката изложена на летните сончеви зраци за време на бременоста, толку повеќе витаминот Д ќе влијае на нејзиното родено дете. Една од предностите на бременоста во текот на летните месеци е брзиот раст на коските и мускулите кај детето.

2. Нивното цвеќе на раѓање е невен

Невенот е растение што може да порасне и до 60 сантиметри, а најпознато е по своите лековити моќи. Па затоа и тој често се користи за исеченици, изгореници, рани, па дури и убоди од инсекти за намалување на симптомите.

3. Тие се големи романтичари

Личностите родени во октомври се многу шармантни и поради тоа се неверојатно романтични партнери. Со нив владее Венера, па затоа тие често се познати и како „миротворци“.

4. Родени се како Ваги или Скорпии

Оние кои се родени пред 24 октомври се Ваги, додека пак оние што се родени после се Скорпии. Вагите се многу урамнотежени и социјални личности, додека пак, Скорпиите се многу страсни, лојални, но и тврдоглави.

5. Тие се фокусирани на работата

Тие се грижливи и одлучни, односно многу насочени кон работата. Кога нешто ќе почнат, мора тоа да го довршат до крај.

6. Нивните камења на раѓање се опал и турмалин

Опалот најчесто се поврзува со среќата, но според легендите, тие што носат опал, а не се родени во октомври, може да ги снајде несреќа. Од друга страна пак, за турмалинот се верува дека штити од лоша енергија и негативни мисли.

7. Долго живеат

Луѓето кои се родени помеѓу септември и октомври многу често ја надминуваат 100-тата година. Но, токму оние што се родени во октомври имаат најголеми шанси да достигнат длабока старост.

8. Харизматични се

Личностите родени во октомври се многу харизматични. Со својот шармантен став, тие се способни да го освојат сечие срце. Токму поради својата харизма родените во октомври се многу популарни – сите сакаат да бидат нивни пријатели.

9. Тие се искрени и ја ценат вистината

Личностите родени во октомври се многу искрени и секогаш се држат до вистината. Со нив секогаш знаете на што сте и никогаш нема да ве озборуваат зад грб. Тие исто така имаат и „шесто сетило“ за детектирање лаги, па затоа и секогаш знаат кога не сте искрени со нив. Со оглед на тоа што тие се секогаш искрени со вас, истото го очекуваат и за возврат.

10. Многу се креативни

Личностите родени во октомври се креативни умови. Нивната креативност им е многу корисна во животот, особено во раното окружување. Креативноста е причината поради која родените во октомври се најуспешни во полето на уметноста и дизајнот.

Прочитајте ги и 7-те (не)познати карактеристики за личностите родени во септември.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар