Интересни факти за сладоледот коишто можеби не сте ги знаеле

Интересни факти за сладоледот коишто можеби не сте ги знаеле

Сладоледот е сладок леден десерт на којшто ретко кој може да му одолее. Достапен е со повеќе вкусови, а најмногу е погоден за летните денови кога сите го консумираме за разладување. Иако речиси сите го обожаваме овој леден десерт, сепак сигурно повеќето од вас не ги знаат овие интересни факти. Прочитајте подолу за што станува збор…

Неверојатни факти за сладоледот коишто можеби не сте ги знаеле

1. Најпродаваните сладоледи се од ванила (33% од вкупната продажба) и чоколадо (19% од вкупната продажба).

2. Најмногу сладолед се произведува во месец јуни.

3. Во Америка, најмногу сладолед се произведува во Калифорнија.

4. 87% од Американците имаат сладолед во замрзнувачот во секое време.

5. Потребно е да лизнете околу 50 пати за да изедете еден корнет сладолед.

6. 1 од 5 луѓе го споделуваат сладоледот со нивните миленици.

7. Една просечна крава може да произведе доволно млеко во нејзиниот живот за да се направат повеќе од 34.000 литри сладолед.

8. Во САД во месец јули се слави Националниот ден на сладоледот.

9. Во недела е продадено повеќе сладолед отколку во кој било друг ден во неделата.

10. Францускиот сладолед е збогатен со жолчки од јајце.

11. Во Канада повеќе сладолед се продава во зима, отколку во летните месеци.

12. Првиот сладолед корнет бил направен од страна на Итало Маркиони во Њујорк.

13. Дали сте знаеле дека 125 милилитри сладолед од ванила може да биде извор на хранливи материи како што се калциум и витамин А?

14. Главната состојка во сладоледот е воздухот!

15. Рецептот за сладолед дошол во Северна Америка, 250 години откако таа била откриена од Кристофер Колумбо.

16. Во Америка е регулиран процентот на масти којшто го содржи сладоледот.

17. Во антички Рим, луѓето јаделе снег каде што додавале овошје и мед, за да изгледа како сладолед.

18. Околу 9% од целокупното произведено млеко од американските фармери е користено за да се произведе сладолед.

19. Најголемиот сладолед изнесувал 2,81 метри во висина и бил направен од Мирко Дела Вецкина и Андреа Андригети од Италија.

20. Идеалната температура за јадење на сладоледот е од -14 до -12 степени Целзиусови.

21. Постои диета со сладолед за губење килограми. Истата можете да ја пронајдете овде.

22. 3% од луѓето јадат сладолед во кадата.

23. Најскапиот сладолед е „Golden Opulence Sundae“ кој чини 1.000 долари и може да се најде во Њујорк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар