Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

Дали знаете кој го има испратено првиот имејл и кому? Ова се неколку интересни факти поврзани со сите први моменти од она што ја одбележа историјата на интернетот.

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

1. Првиот имејл го има испратено Реј Томлинсон во 1971 година. Тој мејлот си го има пратено сам на себе.

„Тест пораките не се памтеа… Најверојатно првата порака беше QWERTYIOP или нешто слично“ – вели тој.

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

2. Можеме да го обвиниме ARPANET за првиот имејл спам, кој бил испратен до 393 луѓе на 3 мај 1978 година.

3. Првиот регистриран домејн е Symbolics.com на 15 март 1985 година. Сега служи само како историски веб-сајт.

4. Првиот веб-сајт бил посветен за информации поврзани со вебот (World Wide Web) и бил пуштен во употреба на 6 август 1991 година.

5. Првата фотографија на интернет ја има прикачено Тим Бернерс Ли (креаторот на Вебот). Тоа било слика од комедијантскиот бенд „Les Horrible Cernettes“.

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

6. Првата AOL инстант порака била пратена од Тед Леонсис на 6 јануари 1993 година. Тој ѝ пишал на својата сопруга:

„Не плаши се… јас сум. Те сакам и ми недостигаш“.

7. Џо Меккамбли го поставил првиот банер на интернет во октомври 1994 година. Банерот бил поставен на веб-сајтот HotWired.com и промовирал 7 музеи за уметност. Кампањата била спонзорирана од AT&T.

8. Првиот предмет продаден на eBay (во тоа време AuctionWeb) бил расипан ласерски покажувач. Ласерскиот покажувач бил продаден во 1995 година за цена од 14,83 американски долари, а човекот кој го купил, му кажал на основачот Пиер Омидјар дека колекционира расипани ласерски покажувачи.

9. Првата книга купена на Амазон била Hofstadter’s Fluid Concepts and Creative Analogies: Computer Models of the Fundamental Mechanisms of Thought“ во 1995 година.

10. Првата реченица кажана преку Скајп била на естонски јазик во април, 2003 година, од страна на еден член од тимот за развој на софтверот. Реченицата гласела:

„Здраво, дали можете да ме слушнете?“

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

11. Марк Закерберг е првиот човек со профил на Фејсбук. Тоа бил четврти профил, бидејќи претходно три биле користени за тестирање. Првиот профил кој не бил креиран од некој од креаторите на социјалната мрежа, бил на Арие Хасит, кој сега е во Израел и студира за да стане рабин.

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

12. Првото видео на Јутјуб, било прикачено на 23 април 2005 година од страна на ко-основачот Џавед Карим. На него тој е во зоолошката градина во Сан Диего, а досега погледнато е околу 10 милиони пати.

13. Првиот твит бил напишан од ко-основачот на Твитер, Џек Дорси на 21 март 2006 година.

Интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на интернетот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар