Интелигентно куче користи лисја како платежно средство

Секој барем еднаш во животот слушнал дека „парите не растат на дрво“. Но ова изгледа не важи за едно кученце. Паметното куче по име Негро успеало да си обезбеди храна плаќајќи ја со лисја.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

Негро живее во Техничкиот институт за едукација во Колумбија. Тој бил посвоен од вработените и слободно се шета низ училишниот двор. Понекогаш учениците му купуваат храна од локалната продавница, но еден ден тој одлучил дека е време сам да се грижи за себе.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

По внимателно набљудување на учениците кои купувале храна, кучето направило нешто неверојатно.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

„Еден ден тој се појави со лист во неговата уста. Весело ја мавташе опашката и ни даде до знаење дека сака колаче“, изјавила една од учителките.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

Кучето го понудило листот како платежно средство во продавницата. Продавачката била воодушевена и не можела да го одбие.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

„Секој ден доаѓа за колачиња. Секогаш плаќа со лист“, изјавила продавачката.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

Бидејќи неговите „пари“ буквално растат на дрво, од продавницата му дозволуваат да „купува“ само неколку пати дневно. Негро ги оставил сите без збор.

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

„Кога прв пат ќе го видите, ќе сакате да заплачете. Најде начин како да го разбереме. Навистина е многу интелигентен.“

Интелигентно куче користи листови како платежно средство

Дознајте и зошто вашето куче е многу попаметно отколку што мислите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар