Инспиративни мисли: Вие сте уникатни!

Инспиративни мисли: Вие сте уникатни!

Размислете само колку неверојатно, магично и чудесно нешто сте вие. Од сите луѓе што живееле на оваа планета, од почетокот на времето, ниту еден од нив не е како вас. Ниту еден човек кој некогаш живеел на оваа планета ја има истата комбинација од способности, таленти, изглед, пријатели, познаници, тежини, таги и можности како вас.

Инспиративни мисли: Вие сте уникатни!

Ниту еден друг ја нема истата коса како вас. Ниту еден друг нема исти прсти како вашите. Ниту еден ја нема истата комбинација од тајни во себе. Оние малку луѓе кои се смеат на истите нешта како и вие, не киваат на истиот начин како вас. Никој други не се моли од истите грижи како и вие. Ниту еден не е сакан од истата комбинација луѓе како вас. Ниту еден пред вас, ниту еден по вас. Вие сте апсолутно уникатни!

Уживајте во вашата уникатност. Вие не треба да глумите дека сте друга личност со цел да наликувате повеќе на оние околу вас. Не сте наменети да бидете кој било друг освен самите вие. Вие не треба да живеете во лага со цел да ги скриете оние делови од вас кои ви изгледаат како да се различни од другите. Вие постоите за да бидете различни. Не постои човек низ историјата во кој истите мисли, душа и дух постоеле како и во вас во овој момент.

Ако не постоите, тогаш би имало дупка во креацијата, бездна во историјата, нешто што недостасува од целото човештво. Ценете ја вашата уникатност, таа е подарок кој ви е даден само вам. Уживајте во него и споделувајте го.

Никој не може да посегне по другите на истиот начин како вие. Никој не може да ги зборува вашите зборови, никој не може да ги пренесе вашите значења. Никој не може да утеши како вас. Никој не може да покаже таков вид разбирање кон друга личност. Никој не може да биде толку весел како вас, ниту пак да се смее како што се смеете вие. Никој друг не може да создаде такво влијание врз друго човечко суштество како што можете вие.

Споделувајте ја вашата уникатност. Дозволете ѝ да биде слободна меѓу вашите најблиски, како и оние кои секојдневно ги сретнувате. Предадете се и уживајте. Дозволете ѝ да ве скокотка, информира и инспирира. ВИЕ СТЕ УНИКАТНИ!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар