Инспиративни цитати што ќе ве поттикнат да љубите безусловно

Идејата за безусловна љубов се чини нереалистична. Лесно е да се каже дека треба да го прифатите партнерот со сите негови недостатоци, но тоа е многу тешко да се направи во реалноста. Повеќето луѓе љубат под нивни услови и само кога ним им одговара. Многумина почнуваат да ги презираат нивните партнери и воопшто не се двоумат дали да ја прекинат врската кога недостатоците и лошите навики на саканата личност ќе станат неподносливи.

Инспиративни цитати што ќе ве поттикнат да љубите безусловно

Андреа Милер зборува на оваа тема во нејзината книга „Радикално прифаќање: Тајната на среќната и вечна љубов“ (Radical Acceptance: The Secret to Happy, Lasting Love). Милер го потенцира значењето на емпатијата во секој аспект од љубовната врска. Според неа, маните на партнерот треба да ги прифаќаме со разбирање, а не со осуда. Љубовта никогаш не може да се потроши залудно и не е страшно доколку љубите посилно од партнерот.

Меѓутоа, радикалното прифаќање не значи дека треба да поднесувате насилно однесување и злоупотреби. Безусловната љубов би требало да ви донесе поголемо задоволство и да ја зацврсти врската, а не да ви наштети. За да можете целосно да прифатите некого, треба да постои огромна доверба и добра комуникација меѓу партнерите. Несебичната љубов и радикалното прифаќање подразбира љубов каква што вашиот партнер посакува, а не каква што вие посакувате за себе. Следниве инспиративни цитати од Андреа Милер ќе ви ја докажат оваа филозофија и ќе ве поттикнат да љубите безусловно…

„Прифатете ја искрената љубов онака како што ви е дадена, дури и да не е совршена и да не ги исполнува вашите очекувања. Тоа е достоинствено.“

„Љубовта е збор што подразбира дејство. Понекогаш треба да издејствувате на тој начин што ќе ги отворите срцето и умот.“

„Радикалното прифаќање подразбира радикално давање. Треба да давате повеќе, треба да давате сѐ од себе и да го повторувате тоа одново и одново.“

„Да сакате и да бидете сакани безусловно значи дека треба да верувате на слепо. Тоа значи дека треба да се чувствувате безбедно во врската и да бидете ранливи. Тоа значи дека ќе треба да ја извадите маската, но и да му дозволите на партнерот да го направи истото за да можете да си ги видите вашите вистински лица.“

Инспиративни цитати што ќе ве поттикнат да љубите безусловно

„На крајот на краиштата, за да можете да го сакате партнерот без да го осудувате, треба да му верувате.“

„Дајте ја љубовта што сакате да ја почувствувате во светот.“

„Радикалното прифаќање значи дека треба да го цените вашиот партнер онаков каков што е, а не да ги одбирате само оние делови кои лесно можат да бидат сакани.“

„Радикалното прифаќање ќе ве принуди добро да ја погледнете личноста за која се грижите, да станете свесни за сите нејзини недостатоци и мани и потоа да си речете ’Па, добро. Можам да живеам со тоа.’“

„Радикалното прифаќање значи дека треба да ги прифатите особините што не ви се допаѓаат кај личноста што ја сакате. Не можете да го одбегнете тоа.“

„Луѓето кои постојано ги критикуваат нивните партнери пропуштаат 50% од позитивните работи што тие ги даваат во врската.“

„Вистината е дека само ако ги сакате несовршените страни на вашиот партнер, врската ќе може да цути, без разлика колку тешко и напорно ви делува тоа.“

„Златното правило на секоја врска е дека треба да го сакате партнерот онака како што тој посакува да биде сакан, а не онака како што вие посакувате да бидете сакани.“

„Не плашете се да љубите посилно од партнерот. Ни за момент немојте да помислите дека ако сакате некого силно и страсно и ако го отворите целото ваше срце во врската, ќе покажете знаци на слабост.“

„Немојте да чекате да се појави љубов која ќе ве собори и ќе ве одведе на седмо небо. Постои многу поголема веројатност дека ќе добиете љубов, само ако сте подготвени да ја дадете.“

Доколку сѐ уште не верувате дека би можеле да сакате и да бидете сакани на овој начин, прочитајте ги следниве 6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар