Инспиративни цитати од Хилен Мирен за секоја жена: Како да живеете без грижи?

Инспиративни цитати од Хилен Мирен за секоја жена: Како да живеете без грижи?

Хелен Мирен е британска актерка и ѕвезда во секоја смисла на зборот. Таа никогаш не престанува да блеска! Секојдневно сме сведоци на уништена младост и вештачка убавина, додека Мирен ни покажува дека една жена треба да биде трудољубива, самоуверена и достоинствена. Таа никогаш не се плаши да го искаже сопственото мислење на директен, но ненападен начин. Прочитајте ги следниве нејзини инспиративни цитати кои можат да послужат како бесценети совети за сите жени на светов…

Инспиративни цитати од Хилен Мирен за секоја жена: Како да живеете без грижи?

„Сега кога имам 70 години, помладата јас би ја советувала почесто да кажува ’Не’.“

„И понатаму го имам она номадско чувство за авантура. Мислам дека не сум спиела во истиот кревет повеќе од три или четири месеци сиот мој живот. Секогаш садам зеленчук чии плодови никогаш не стигнувам да ги изедам и цвеќе кое никогаш не можам да видам како цвета. Отсекогаш сум се селела по целиот свет.“

„Сета таа опсесија со облеката е луда. Можете да потрошите долар на јакна во некој мал бутик и можете да потрошите илјада долари на јакна во брендирана продавница. Ако ги видите овие две јакни како шетаат по улица, најверојатно никогаш не би знаеле која од каде е купена.“

„Жените треба да престанат да бидат љубезни. Ако некогаш имам деца, а немам, првата работа на која ќе ја научам мојата ќерка ќе биде зборот ’Не’.“

„Најтешкиот период во животот се 20-тите години. Тоа е голема штета бидејќи тогаш сте најубави физички и имате најдобра кондиција. Но, тоа е исто така периодот кога имате најмала самодоверба и постојано се сомневате во себе. Страшно е тоа кога не знаете што ќе се случи.“

„Јас сум тип на личност која се облекува во продавница за половна облека, но отвора шише шампањ.“

„Мислам дека секоја жена во нашата култура е феминистка. Можеби одбиваат да се изјаснат како такви, но ако се вратите 40 години наназад и ја прашате која било жена ’Дали ова е светот во кој би сакала да живееш?’, таа би ви рекла ’Не’.“

„Чудно е тоа што ви станува сѐ попријатно во сопствената кожа, дури и тогаш кога времето ви дава сѐ помалку причини за тоа. Кога сте млади и убави, истовремено сте и параноични и тажни. Мислам дека најголемата предност на стареењето е тоа што се ослободувате од некои работи.“

„Моите 40-ти беа добри. 50-тите сјајни. 60-тите фантастични, а 70-тите се проклето феноменални.“

„Целиот мој живот гледав 16-годишни девојчиња како си ја продаваат убавината. Токму затоа мислам дека е неверојатно тоа што сега жени на возраст од 70 години рекламираат производи за жени од 60 до 80 години.“

Прочитајте ги и најдобрите совети што некогаш ги добиле успешните актерки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар