Инспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасно

Социјалните мрежи и медиумите се преплавени со девојки кои изгледаат совршено и поставуваат недостижни идеали за убавина. Поради тоа голем број млади девојки се чувствуваат несигурни во себе и не се сметаат за доволно убави. Вистината е дека секоја девојка е прекрасна на свој начин и што побрзо го сфати тоа, тоа побрзо и другите ќе ја забележат нејзината убавина. Доколку чувствувате дека ви недостасува самодоверба, прочитајте ги следниве инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да го промените вашиот став и да ја согледате вашата уникатна убавина…

Инспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасно

„Никој не може да направи да се чувствувате инфериорни без ваша согласност.“ – Елеонор Рузвелт

„Најубавата работа што можете да ја носите е вашата самодоверба.“ – Блејк Лајвли

„Понекогаш луѓето се убави. Не поради изгледот. Не поради тоа што го кажуваат. Туку едноставно поради тоа што се.“ – Марк Зузак

„Најубавите луѓе што ги знаеме се оние кои се соочиле со пораз, страдање, борба, загуба и успеале да го најдат излезот од длабочините на тагата. Овие луѓе знаат да го ценат, чувствуваат и разбираат животот и тоа ги исполнува со сочувствување, нежност и искрена грижа. Убавите луѓе не се појавуваат туку-така.“ – Елизабет Кублер-Рос

„Убавината е поврзана со она што го чувствувате внатре, и тоа се покажува во вашите очи. Не се работи за нешто физичко.“ – Софија Лорен

„Среќните девојки се најубави.“ – Одри Хепберн

Инспиративни цитати кои ќе направат да се чувствувате прекрасно

„За мене убавината значи да се чувствуваш удобно во сопствената кожа. Тоа, или опасен црвен кармин.“ – Гвинет Палтроу

„Убавината е реалноста видена низ очите на љубовта.“ – Евелин Андерхил

„До сите девојки кои мислат дека се дебели затоа што немаат 50 килограми: Вие сте убавите. Општеството е грдо.“ – Мерилин Монро

„Клучот за убавината е секогаш да го гледате оној кој вистински ве сака.“ – Џулија Робертс

„Никогаш не дозволувајте некој да ви вели дека не можете да бидете токму она што сте.“ – Лејди Гага

„Убавината е кога можете да се цените себеси. Кога се сакате себеси, тогаш сте најубави.“ – Зои Кравиц


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар