Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Фотографот Јан Сквара (38) од Полска патувал низ Варанаси во Индија, кога наишол на место каде што живее племето Агора. И порано, иако многу ретко, фотографите успеаја да поминат извесно време со ова племе, па затоа Јан имаше неколку основни информации за нивните животи. Сепак, средбата со нив во живо беше нешто сосема друго.

Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Сцените што ги виде, а се најдоа и на неговите фотографии, како на пример, човек кој ритуално ја навалува главата наназад и ги крева рацете во воздухот пред да испие течност од вистински човечки череп, целосно го запрепастија. Агора е мистична хиндуистичка секта, а нејзините членови живеат аскетски живот, односно се одрекуваат од сетилните задоволства за да постигнат духовен мир. Со цел да се ослободат од секоја страст и срам, членовите на оваа секта носат многу малку облека. Она што е исто така карактеристичен дел од нивниот ритуал е мачкањето со бела прашина.

Јан помина четири дена со членовите на оваа секта и за тоа време направи неверојатни фотографии на кои се гледа еден од посмртните ритуали, по кој оваа секта е особено позната.

Ова племе најмногу го консумираат месото на починатиот, со помош на чии тела воспоставуваат врска со божественото. Иако го обожаваат хинду божеството Шива, практиките што ги практикува ова племе се сметаат за контрадикторни со хиндуизмот.

Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Индиски канибали: Вака изгледа животот во племето Агора!

Прочитајте и за овие морничави племенски ритуали за кои не знаевте дека постојат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар