И совршените луѓе кријат тајни: Што се крие зад нивната идеална маска?

И совршените луѓе кријат тајни: Што се крие зад нивната идеална маска?

Го знаете оној тип „совршени“ луѓе кои одлично готват, имаат работа од соништата, прекрасно семејство и кои секогаш се дотерани и среќни? Епа тие луѓе можеби и не се така идеални како што ви изгледа вам. Без разлика дали се работи за дружење со пријателите или деловна комуникација, луѓето кои сакаат на сите да им покажат колку се тие важни и значајни, можат да направат ние останатите да се почувствуваме помалку неважно.

Совршените луѓе кријат една тајна: 4 знаци дека животот не им е сјаен

Ако сте наоружени со едноставни алати за препознавање, не само што ќе се чувствувате подобро, туку лесно ќе ги препознаете слабостите кои се кријат зад фасадата на тие „совршени“ луѓе. Психологијата која се крие зад овој процес произлегува од теоријата на виенскиот психоаналитичар Алфред Адлер, кој прв го употребил терминот „комплекс на пониска вредност“.

Според Адлер, луѓето кои имаат чувство на пониска вредност се обидуваат тоа да го компензираат со нешто што се нарекува „желба за супериорност“. Единствениот начин на кој овие однатре несигурни луѓе можат да почувствуваат среќа е кога другите околу нив се несреќни. Еве ги четирите знаци кои укажуваат на овој вид несигурност:

Несигурната личност се обидува да направи и вие да се чувствувате несигурно

Дали сте во друштво на одредена личност или одреден тип личности, кога го отворате прашањето за вашата сопствена вредност? Дали се работи за поединец кој секогаш ја покажува својата сила? Ако генерално не се чувствувате несигурно, туку само во друштво на одредена личност, се чини дека тој или таа ја проектира сопствената несигурност врз вас.

Несигурната личност има потреба да го потенцира сопствениот успех

Не мора да се чувствувате несигурно во нечие друштво за да заклучите дека комплексот на пониска вредност се наоѓа во сржта на нивното однесување. Луѓето кои секогаш се фалат со својот стил на живот, високото елитно образование или со своите фантастични деца, тоа најчесто го прават за да си докажат себеси дека навистина вредат.

Несигурната личност често се фали себеси со „скромност“

Скромното фалење може да биде разбрано како самокритичка изјава. Сигурно сте виделе на Фејсбук кога овие видови личности се жалат поради тоа што мораат да одат на толку службени патувања или на времето кое мораат да го изгубат гледајќи ги своите деца како играат (и секако победуваат) натпревари во некој спорт.

Несигурната личност често се жали дека нештата не се доволно добри

Луѓето кои имаат комплекс на пониска вредност сакаат да покажат дека имаат високи стандарди. Можете да ги етикетирате како снобови, но кога ќе сфатите дека тие само се преправаат, тешко дека ќе ве потресе чувството дека се подобри од вас. Имате право да се сомневате дека се обидуваат со своите високи стандарди да потврдат дека се подобри од сите останати, па дури и си поставуваат уште поригорозни критериуми за самопроценување.

Кога сте во состојба да ја препознаете несигурноста во луѓето околу вас, тоа може да ви помогне да го отфрлите сомнежот во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар