Хорор секс приказни: Исповеди на жени чии партнери прерано ејакулирале

Хорор секс приказни: Исповеди на жени чии партнери прерано ејакулирале

Предвремената ејакулација им се случува на 30% од машката популација, особено на помладите и оние со помало сексуално искуство. Причините се од психичка природа – од недостаток на самодоверба до претерано возбудување. Не е необично ако на мажот му се случи прерано да ејакулира, особено ако премногу се возбудил, но ни тоа не може да се мери со овие приказни. Иако поголемиот број жени не го сметаат тоа за непремостлива препрека во сексуалниот живот, повеќето ќе зажалат ако партнерот не смета дека треба нешто да преземе т.е. тој е задоволен од таквата ситуација. Еве неколку приказни на жени чии партнери прерано ејакулирале.

0-horor-seks-prikazni-ispovedi-na-zheni-chii-partneri-prerano-ejakulirale-kafepauza.mk

1. „Мислеше дека е најдобриот љубовник на светот“

Некое време излегував со него, а состаноците беа духовити и интересни, баш ми се допаѓаше и некако очекував дека сексот ќе биде фантастичен. Првиот пат и не беше нешто посебно, но секој пат изгледаше како да станува сѐ полошо и полошо.

Некогаш траеше само 30 секунди, а после тоа тој ќе се завртеше и ќе почнеше да ‘рчи. Најлошиот дел е што тој беше целосно задоволен од себеси и очигледно целосно незаинтересиран да ме задоволи мене. Му давав сигнали, му зборував на таа тема, но тој целосно ме игнорираше.

Одлучив да преземам нешто – додека тој задоволно лежеше, се слеков и почнав да се самозадоволувам за да му покажам што всушност требаше да направи. После тоа станав, се облеков и си отидов дома, а тој чудно ме гледаше. Никогаш повеќе не му прозборев. Можам да му простам што прерано ејакулираше, но не и тоа што воопшто не му беше грижа за мене.

2. „Но, сепак останав со него“

Бевме во врска два месеци и секој наш секс во просек траеше пократко од три минути. Ситуацијата стана уште полоша при орален секс – ако орално го задоволував сексот траеше од 6 до максимум 30 секунди. Исто така, не можеше да се пофали ни со големината на „алатот“ што сексот го правеше уште полош. Ни денес не ми е јасно зошто останав со него два месеци, иако искрено мислам дека ми импонираше тоа што оралниот секс траеше толку кратко – сметав дека е моја заслуга.

3. „За сѐ постои прв пат“

Од другарките имав слушнато за момци кои се готови уште пред да се запалат, но никогаш немав сретнато таков, сѐ до една прилика…

Беше секси, зоден и добар беше на зборови, па мислев дека „ќе биде добар и во кревет“. Како предигра, започнав со орален секс, доживеа оргазам без да ме допре и заспа веднаш потоа. Од тогаш не сум се видела со него.

4. „Не ни дојде до секс“

Се договорив со едно момче да се најдеме во неговиот стан, а сексуалната хемија меѓу нас беше очигледна. Започнавме да се бакнуваме и да се допираме, а брзо потоа се преместивме на каучот. Се триевме еден од друг – вкупно пет пати и направи толку потези што сврши. Не ни дојде до вистински секс, а не бевме тинејџери.

1-horor-seks-prikazni-ispovedi-na-zheni-chii-partneri-prerano-ejakulirale-kafepauza.mk

5. „Предиграта траеше подолго од самиот секс“

Тоа се случи минатиот викенд и тоа беше нашиот прв секс. Предиграта траеше долго и вклучуваше разни нешта, но кога дојдовме до сексот – катастрофа. Го стави внатре и го извади 20 секунди потоа. Сакав да полудам. Мислам, добро нека заврши побрзо, друг пат ќе трае подолго, но не… Зарем јас подобро разбирам како функционира пенисот отколку неговиот сопственик?! На крај вагината толку ме печеше и болеше од што беше сува и иритирана. Не само што не бев задоволена туку и завршив со болки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар